Škoda Enyaq iV ја разоткри внатрешноста  

Од Škoda ни дадоа да ѕирнеме во внатрешноста на Enyaq iV електричниот crossover во пресрет на лансирањето на моделот за малку повеќе  од еден месец, на 1 септември…

Електричниот crossover Škoda Enyaq iV наскоро ќе пристигне на пазарот, а чешката компанија ја започна својата тизер кампања во пресрет на премиерата.

Сега, фокусот е ставен на внатрешноста каде доминира централна конзола  во повеќе слоеви, со централните вентилациски отвори инспирирани од традиционалната решетка на Škoda.

Исто така, впечатливо во ентериерот се издвојува големиот 13-инчен екран. Покрај информативно забавниот систем, преку овој екран ќе се контролираат и голем број други функции, а Enyaq iV исто така содржи и дигитален инструмент кластер со иновативен head-up екран со функции на augmented reality (проширена реалност).

Централната конзола ма мал „сектор” за брзини пред електричната паркинг сопирачка.

Тука очигледно се наоѓа и платформа за безжично полнење на паметните телефони.

Амбиенталното осветлување исто така го најде своето место во автомобилот, додека прекривката за седиштата е направена од материјал кој содржи 40 % волна и 60 % влакна добиени од рециклирани пластични шишиња.

„Наместо вообичаените нивоа на опременост и големиот број на дополнителни опции, ние го нудиме нашиот нов Design Selections во Enyaq iV за прв пат. Тоа се потсетници на модерните амбиенти на живеење, надополнети со совршено координативни бои и материјали“, изјави Норберт Вебер, шефот на внатрешниот дизајн во Škoda.

Базиран на MEB платформата на Volkswagen групацијата, Škoda Enyaq iV ќе пристигне со пет нивоа на моќност, три големини на батерии и погон на задните или сите четири тркала.

Моќноста ќе варира од 146 до 302 КС, а базичниот модел ќе нуди автономија од 340 километри со полна батерија, додека најсилната верзија ќе се одликува со автономија од 500 км.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Kia го покажа новиот дизајн за Stinger

Повторно „уловен” новиот VW Golf R

Toyota RAV4 Hybrid Black Edition-Полноќно црна!

Време e за електрична енергија: Новиот Opel Vivaro-e во продажба во Германија со цена од 26.650 евра со еколошки бонус

Lyriq -првиот електричен модел на Cadillac го напаѓа Tesla на домашна почва!  

Delage D12

Plug-in hybrid BMW 545e

Kia Sonet и официјално

McLaren GT Novitec супериорност крената на повисоко рамниште !