Škoda  Enyaq iV кампер

Филијалата на  Škoda во Велика Британија најде начин дополнително да ја зголеми практичноста на Enyaq со претворање на електричниот SUV во кампер…

Основа за проектот беше најмоќната верзија со погон на задните тркала, поточно моделот Enyaq iV 80, кој доби шатор на покривот. До овој дополнителен простор се пристапува со скала и може да спијат две лица. Шаторот може да се постави и симнат за само неколку минути и доаѓа со вентилатор на соларна енергија, осветлување и мрежи за багаж.

На креветот кој може да се извлече над задните седишта можат да спијат уште двајца луѓе, а рамката на тој кревет може да се состави за само неколку минути и на тој начин максимално да се искористи волуменот од 1.710 литри. Со цел да се подобри практичноста на електричното возило, Škoda постави лизгачка кутија од чешката компанија EGOE, која содржи шпорет на гас и мијалник со славина и црево.

И покрај таа кутија, задните седишта сè уште можат да се користат. Дел од целокупниот пакет се столче и маса за потребите на кампување кои се преклопуваат и се расплетуваат за неколку секунди, исто како ролетни за дополнителна приватност.

Enyaq iV 80 се напојува со електричен мотор кој развива 200 КС и вртежен момент од 310 Nm, а батеријата од 82 kWh обезбедува автономија до 544 km. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 8,5 секунди.

Концептот се вика FestEVal, а нема планови за производство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bentley Dezervator со лифт го искачувате автомобилот на кат во гаражата до станот

Porsche Vision Gran Turismo Spyder

Која автомобил најчесто се појавува во филмовите

Hennessey Venom F5 Roadster

Lucid Air Sapphire

Електричниот Zeekr 001постави нов рекорд во дрифт за EV

Aston Martin V12 Vantage Roadster

Британец бил сопственик на дури 55 автомобили на FIAT

Czinger 21C V Max