Škoda ја претставува својата електрична иднина на Шангај 2019

Производителот на автомобили од Млада Болеслав, во Кина преку своите електрични модели, ќе ја претстави својата иновативна и одржлива визија за иднината на кинескиот пазар…

Чешкиот бренд останува посветен на намерата да го продолжи својот развој во еден од најважните и сегменти со најбрз пораст на кинескиот пазар- електричната мобилност.

На претстојниот салон за автомобили во Шангај, Škoda ќе се претстави со концептите Vision iV и Klement, што ќе ја претстави  динамичната, иновациска и одржлива визија на патната мобилност на пазарот во Кина

Освен електричните модели, Чесите ќе се претстави и со адут во SUV сегментот,каде имаат голем потенцијал за понатамошен раст.

Кина е единствениот пазар во кој Škoda нуди четири различни SUV модели, а на оваа листа се вбројува врвниот Kodiaq GT, Kodiaq, како и Karoq и Kamiq. Електричните Vision iV и Klement нудат возбудливи перспективи за електрична иднина.

Концептот Vision iV е првиот електричен модел на Чесите, што воедно овозможува конкретен преглед на електричната мобилност на марката.

Електричниот концепт ќе се базира на модуларна платформа за електрични автомобили, а во Европа треба да се појави наредната 2020 година.

Моделот претрпе низа визуелни и технолошки прилагодувања со цел да се прилагоди на кинескиот пазар, па така Škoda го опреми со електричен мотор од 204 КС позициониран во задниот дел, со задача да ја придвижува задната оска. Компактната литиум – јонска батерија е вградена во подот на автомобилот и доаѓа со капацитет од 83 kWh, при што нуди автономија на возење со едно полнење до 500 km.

Следната иновација на овој кармејкер е Klement, што воведува концепт на мобилност во областа на микро – мобилноста во мега градовите во Кина.

Благодарение на 4kW мотор поставен назад, Klement постигнува топ брзина 45 km/h, а регулацијата на гас и сопирачката е со иновациски педали.

Предната хидраулична сопирачка е со  ABS систем, а тука се и LED светла за подобра видливост и поголема безбедност.

Квартетот на SUV модели на Чесите за пазарот во Кина: Škoda Kodiaq, изменет Škoda Karoq (за 50 mm подолг од европската верзија), како Škoda Karoq и Škoda Kamiq, развиени исклучиво за Кина.

Кампањата на марката во SUV сегментот започна со Kodiaq за прв пат покажувајќи го денешниот дизајнерски јазик на Škoda.

Моделот Kodiaq GT- првиот Coupe-SUV модел на Škoda, е предводник на брендот со својот динамичен изглед, најсовремени функции за конекции и напредни системи за асистенција во возењето.

Со својот спортски лик Kodiaq GT е топ микс од SUV карактеристики и елегантни coupe линии.

Специјално дизајниран за тамошниот пазар Škoda Karoq нуди уште поголема удобност, со самото зголемување на растојанието помеѓу оските за 50mm во однос на верзијата наменета за пазарите во Европа. Со дузина системи за помош и иновациски решенија е  вистински претставник на чешката филозофија Simply Clever.

Чесите со Škoda Kamiq, со 110 КС имаат влезен модел SUV сегментот во Кина, а нуди модерни решенија за конекција, особено привлечни за младите урбани муштерии, а меѓу напредните системи ќе го потенцираме тој за говорни команди од iFlytek, водечки снабдувач на технологии за препознавање на глас базиран врз вештачка интелигенција, од Азија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai со нов crossover Cretan во Шангај 2019

Volvo XC60 со Plastics Recycling Awards Europe

ŠKODA KODIAQ, OCTAVIA SCOUT и SUPERB – Најдобри возила со погон на сите тркала

Во Bentley подготвуваат поголем SUV

Се очекува експанзија на Aurus на пазарите во Азија!

Mazda отповика 190 илјади автомобили!

Изнајми наместо да купиш Land Rover и биди со впечатлив стил!

Новиот Transporter 6.1 дебитира на најголемиот светски саем за градежни машини и апарати

Нов караван Lada Granta cross во продажба од летово