Škoda со „лек“за заборавните возачи – Aприлили!!!

Персонализиран  потсетник се проектира на подлогата кога вратите на автомобилот ќе се отворат …

Навистина генијално нешто во времето кога се се’ одвива многу брзо и кога ви се чини дека постојано доцните ни пристига од производителот на автомобили од Чешка – Škodа.

Сопствениците на Škodа  ќе можат самите да го креираат својот потсетник за обврските што ќе мораат да ги завршат а поради преполниот со обврски ден, може и да ги заборават.

Имено, оваа иновација на производителот на автомобили од Млада Болеслав, ќе им овозможи на сопствениците на нивните возила да проектираат слики од галеријата на нивните паметни мобилни телефони , што преткодно ги конектирале на лесниот за поврзување информативно – забавен систем во автомобилот.

Оваа потполно нова иновација во препознатливата на Чесите Simply Clever филозофија во голема мерка може да им помогне на презафатените и на луѓето со премногу обврски.

Имено, тоа би им помогнало да не ги заборават, пропуштат своите годишнини, родендени на најмилите, некои значајни состаноци, закажани средби и разговори….

Инаку овој систем е наречен  ProjectaPal и истиот се надоврзува на на функционалноста на местото за качување, товарање на возилото, кој вообичаено се вградува во опсег на моделите од Škodа Karoq od SE и над тоа ниво на опременост.

Истиот ќе им овозможи на сопствениците на автомобилите на Škodа да поставуваат потсетници  што ќе бидат лесни и едновремено и јасни за воочување во моментот кога предните врати ќе се отворат врз плочникот и на крајот на секое патување, односно во моментот кога возилото ќе запре ќе се отворат предните врати и ќе се проектира зададениот потсетник веднаш под нозете на возачот.

Навистина интересна и корисна асистенција од Škodа, за нивните купувачи, особено во овие времиња каде темпото на живеење е премногу брзо и постојано се забрзува.

Едноставно Škodа Simply Clever и животот ви станува поедноставен, ако сте купувач на модел од програмата на производителот на автомобили од Млада Болеслав .

Убава прво априлска приказна која веруваме ги насмевна а и им даде малку надеж на тие што заборааваат!!!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan GT-R Nismo 2020 со деби на Њујорк 2019!

Apollo Intensa Emozione подготвена за производство

Светски автомобил на годината 2019 и hat trick за Jaguar I-Pace!

Наследникот на Lamborghini Aventador  со хибриден погон

Од производната лента се симна милионитиот VW Sharan

Поостарите возила од вчера за влез во центар на Лондон плаќаат 12,5 фунти

Новиот Mini со 300 КС во лимитирана серија

Кристoф Гујон голем мајстор за изведби на автомобили во сооднос од 1/4

Старт-ап компанија од Швајцарија најави батерии со кој EV ќе поминат 1000 km!