Škoda Superb iV, Superb Scout и Citigo e iV на IAA 2019 Frankfurt

Покрај Monte Carlo верзиите на Scalа i Kamiq (збогатени со црни елементи на надворешноста, црни алуминиумски тркала и богата опрема), Škoda во Франкфурт изложи и неколку интересни верзии на обновениот Superb, пред се се мисли на Scout, како и потполно електричната варијанта на урбаниот Лилипутанец моделот Citigo…

Во Франкфурт чешкиот производител на автомобили – Škoda ги претстави своите нови модели од серијата Monte Carlo и тоа моделот Scala и моделот Kamiq.

Monte Carlo, гламурозен, урбан регион во Кнежевството Монако, e синоним за начин на живеење, елеганција и автомобилски трки.

Производителот Škoda тука постигнал некои од своите најголеми победи во својата историја на автомобилски трки на популарниот Monte Carlo рели.

Само како потсетување ќе се навратиме на далечната 1936 година кога компанијата лансира ограничена серија од 70 возила што ја носеле ознаката Monte Carlo.

од 2011 година и моделите на Škoda со посебен спортски дизајн и бројни црни елементи на моделите продолжиле да ја одржуваат традицијата.

Таа сега се продолжува и со моделите Scala Monte Carlo и Šk

 

Двете возила, вчера, дебитираа на салонот за автомобили IAA 2019 Франкфурт.

 

Инаку, Релито Monte Carlo и Škoda имаат долгогоишна соработка што се протега многу години наназад.

Веќе во 1912 година, кога Monte Carlo рели почнал со трките само една година претходно, моделите од Млада Болескав биле меѓу натпреварувачи..

Во 1936 година моделот Škoda Pоpular  го освои второто место во својата категорија.

По исклучителниот упех, Škoda направи ограничена серија од 70 возила на рели автомобили.

Тоа биле првите автомобили што на себе го понесоа името,,Monte Carlo“.

По точно 75 години , Škoda го оживеа славното име воведувајќи ги моделите Škoda Fabia Monte Carlo како спортска lifestile верзија на втората генерација на  Fabia во 2011 година.

По првата Fabia пристигна и третата генерација на моделот Fabia Monte Carlo. Од  2014, до 2019 година, производителот на автомобили од Чешка  ги лансира моделите Škoda Citigo, Rapid  и Rapid Spaceback Monte Carlo, како и Škoda Yeti Monte Carlo во период од 2015, до 2017 година.

Успешната приказна продолжува и со актуелната генерација на моделите Monte Carlo, на кои сега им се придружуваат Škoda Monte Carlo Scala и Škoda Monte Carlo Kamiq.

Тие спортки варијанти го добиле името според Monaco популарниот гламурозен Monte Carlo рели што се одржува од 1911 година. Бројни црни елементи нудат допоплнителен спортски акцент што ги прави уште поемотивни и подинамични.

Škoda Scala Monte Carlo има црна маска, ретровизори и заден дифузор, црни тркала од 17 инча (опција и од 18 инча), full-LED задни светла, затемнети стакла и панорамски покрив, како и спортски седишта, Monte Carlo ознаки, мултифункционален кожен управувач, LED амбиентално осветлување…

Инаку,  Monte Carlo пакетот ќе биде на располагање со сите мотори што веќе се нудат и со останатите пакети кај Scalа.

Škoda Scala Monte Carlo и Kamiq Monte Carlo во Франкфурт ја претставуваат богатата историја на чешкиот производител на автомобили што под капата на Volkswagen повторно игра важна улога на светската автомобилска сцена.

Но чесите имаат и други адути на салонот што најавуваат продолжување на успшниот настап и во иднина: Superb iV e всушност Superb со plug-in hybrid погонски систем. Сочинет е од 1.4 TSI турбо бензински мотор, електромотр со 85 kW и литиум – јонска батерија од 13 kWh (ќе овозможува и возење само на струја и тоа до 55 km).

Во однос на моторизацијата хибридниот Superb силата ја пренесува преку шест степен DSG роботизиран менувач со двојна спојка а располага со моќност од вкупно 160 kW/218KS и 400 Nm вртежен момент.

Потрошувачката на гориво, според податоците дадени од производителот изнесува 1,7 l/100 km, a емисијата на  CO2 е 40 g/km.

Поради батериите багажникот на Superb plug-in hybrid во основна конфигурација има капацитет од 485 L,додека резервоарот со гориво прима 50L..

Во останатите податоци од Škoda стои дека хибридниот Superb има вкупна автономија од 850 km.

Тука е и Superb Scout, (про)теренскa верзија на Superb caravan, со 15 mm повисок клиренс, заштитни елементи на надворешноста и со погон на сите четири тркала.

Покрај тоа, Superb Scout добил и алуминиумски тркала од 18-инча, хромирани носачи на покривот, ретровизори со алуминиумски лик, Scout ознаки, како и седишта со греачи.

Купувачите на  Superb Scout ќе можат да избираат помеѓу 2.0 TDI дизел моторот со 190KS и 2.0 TSI бензинскиот агрегат со 272KS, двата стандардно во комбинација со седум степен DSG менувач со двојна спојка.

 Škoda Citigo e iV целосно на струја

Покрај обновената гама на Superb во Франкфурт свое деби на јавната сцена има и електричниот Citigo e iV.

Моделот, во однос на регуларниот Citigo, помеѓу другото, добил поинаква предна маска и дотеран одбојник, но најважниот податок во врска со овој нов автомобил е тој дека автономијата во возењето со едно полнење на батериите (литијум јонски) со капацитет од 36.8 kWh изнесува 265 km (и тоа според новиот WLTP протокол).

Интересен е и податокот дека до 80% од капацитетот батеријата, на брзи полначи, ќе може да се дополни за околу еден час.

За погон е задолжен електричниот мотор со моќност од 61 kW/83KS и 210 Nm, вртежен момент од самиот старт, што му обезбедува забрзување од 0 до 100 km/h  за 12,5 секунди и максимална брзина од 130 km/h.

Автомобилот ги има следните димензии:  должина 3597 mm и ширина од 1645 mm, а во него има место за четири возрасни патници.

Официјално, производството би требало да стартува кон крајот на тековната 2019 година и тоа само во верзија со пет врати, како и со Ambition и Style пакетите на опрема.

Стандардно, во зависност од пакетите на опремата, ќе се добиваат тркала со големина од 14 или од 16 инча, со LED дневни светла, светла за магла,електрика на предните прозорци, централно далечинско заклучување/отклучување, клима уред

Купувачите ќе може да избираат помеѓу следните бои: Candy White, Tornado Red, Sunflower Yellow, Kiwi Green, Deep Pearlescent Black, Crystal Blue и Tungsten Silver.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечен изглед на VW Golf VIII во GTЕ изведба

Снимен DS 9- прекрасна креација на францускиот премиум бренд!

Нови mild-hybrid бензинци за Volvo XC90 

На саемот во Токио Mazda со прототип EV

Наредната генерација на Audi RS4 ќе има plug –  in хибриден погон

Volvo XC40 со plug-in хибрид

Новиот Fiat 500X Sport, предводник на обновената гама на crossover ѕвездата од Италија!

IAA Frankfurt 2019-Новиот Renault Captur, понапреден, поквалитетен, подобар…

IAA 209 Frankfurt: Wey-S concept и Wey-X concept