Скроен планот за старт на Formula 1 сезоната!

Како и сите останати спортови, така и автомото спортот е во статус на мирување поради пандемијата, но веќе се кројат планови за почеток на сезоната во Formula 1…

Новата сезона во F 1 е сериозно погодена од пандемијата на корона вирусот, поради што 10 трки веќе се откажани или одложени, всушност сезоната не ни започна поради стравот од ширењето на Covid-19.

Првично планот бил сезоната во F1 да започне со Големата награда на Франција, но истата е откажана а, како што велат организаторите, нивниот фокус е насочен кон 2021 година. Во меѓувреме, челниците на F 1 се обидуваат да направат план за почеток на сезоната во најбрзиот циркус на планетата и тоа во Австрија во првата недела од јули.

Надлежните органи во Австрија истакнуваат дека се подготвени да ја одржат трката зад затворени врати. Мерките во Австрија постепено се ублажуваат, но социјалната дистанца и понатаму е задолжителна.

„Австрија е идеално место за почеток на сезоната, но и можноста таму да се одржат две трки во една недела. Патеката се наоѓа далеку од поголемите градови, а сепак аеродромот е блиску. Лесно може да се контролира кој ќе се движи во кругот на патеката и околината, а секој од натпреварувачите, како и персоналот ќе бидат тестирани“, изјави техничкиот директор на Formula 1, Рос Брaун и додаде: „Со цел да не го повторуваме тој процес на некоја друга локација, предлогот е во избрани држави со квалитетна инфраструктура да се одржат повеќе трки“.

Исто како и Рос Браун и генералниот директор на Formula 1, Чејс Кери, е убеден дека сезоната ќе започне во јули, истакнувајќи дека вкупно би требало да се одржат од 15 до 18 трки.

Според некои планови, Formula 1 во текот на летото би се возела во Европа, а на есен во Азија и Северна и Јужна Америка.

„Трките во Европа би можеле да се одржат во текот на јули и август и почетокот на септември. Првата трка би можела да биде во Австрија од 3 до 5 јули. Во септември, октомври и ноември би се возело во Азија и Северна и Јужна Америка, а сезоната би можела да заврши во декември, со трките во Бахреин и Абу Даби. Тоа значи дека би имале од 15 до 18 трки“, изјавил Кери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Милиони животи да се спасат на патиштата“- Жан Тод

Nissan го лансира специјалниот GT-R50 Italdesign вреден над милион долари !

Нашите Твинговци со два тима во ТОП 10 на трката во издржливост на Endurance Race LEMA Гробник 

Македонските „Твинговци“ со фантастичен настап на „Гробник“

АКК Рено Спорт ја стартува втората сезона на  Twingo Cup  со интернационален трка на „Гробник“

Toyota ја претстави унапредената GR Supra за 2021 со 387 КС

Ferrari го претстави својот нов болид – SF1000

Carlos Sainz, Ricky Brabec и Andrey Karginov „кралеви“ на Dakar 2020

И по претпоследната етапа на Dakar  Rally се уште ништо не е јасно!