Следно ниво VW и Ford договорија соработка и за автономни и за EV

Американскиот производител на автомобили ќе произведува електрични батериски возила на MEB платформата на VW Group, a германската Група ќе инвестира 2,6 милијарди долари во автономниот систем на Аrgo AI во сопственост на Ford…

Поинтензивна и се’ поинтензивна станува соработката помеѓу двата џина во автомобилскиот свет што сега се согласија да ја прошират  нивната глобална алијанса што и го официонализираа на неодамнешната срдба со медиумите во  Њујорк.

Сега се знае дека Ford ќе ја користи MEB платформата на Volksweagen за електрични возила на која ќе се базира целосно нов електричен автомобил наменет за Европа, при што „Америте“ очекуваат продаажба од над 600.000 електровозила на европскиот пазар во тек на шест години, почнувајќи од  2023.

Германците инвестрирале седум милијарди долари во MEB платформата од 2016 година и планираат да ја користат во околу 15 милиони автомобили во своите марки VW, Audi, Skoda и Seat.

Првиот модел кој ќе се базира на MEB ќе биде VW ID.3, чија производна верзија ќе биде претставена, во септември годинава, на Саемот за автомобили во Франкфурт.

Инаку од Ford кажаа дека се во преговори и за втор модел базиран на MEB платформата.

Од друга страна, Volkswagen ќе инвестира 2,6 милијарди американски долари во Argo AI, автономниот систем на Ford, со една милијарда долари како директно финансирање.

Компанијата исто така ќе купи 500 милиони долари од акциите на Ford во Argo AI во текот на следните три години, со што ќе стане рамноправен партнер со Ford, а резултаот на тоа е пораст на вредноста на Argo AI на седум милијарди долари!

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Помал SUV на Fiat за пазарите во Јужна Америка

Tesla Model 3 – Запрено производство поради премногу проблеми!

KIA во првото полугодие со одлична продажба!

В. Британија со повеќе станици за полнење на EV од бензински пумпи!

Во сила Законот за субвенции на нови и половни поеколошки возила

Фрлање догорче од цигара од автомоби во Грција може да ве чини возачка дозвола

Компактниот Jaguar и crossover coupe на BMW платформа!

Hyundai Nexo со oдлична оцена од IIHS

Infiniti Edition 30 во чест на три деценискиот јубилеј на марката