Слеп механичар со полн гас возел низ пустина!

Дека соништата лесно, па не баш лесно, но ако доволно силно се посакуваат, можат да станат реалност ни покажува и оваа сентиментална приказна раскажана во соработка со Mercedes – Benz…

Барт Хајке (Bart Hickey), 57 годишен автомобилски механичар веќе три децении ја води својата работилница во Алисп (Alsip), САД.

Но, никогаш самиот не возел автомобил, поради една единствена причина – Барт е слеп од раѓање.

Имал само еден голем сон: да го притисне педалот до гас со сета сила и да го залепи за подот.

Да го почувствува напливот на брзината и да почувствува, барем еднаш во целост слобода зад управувачот.

Неговиот син Брендон (Brendan) и  Mercedes-Benz му го остварија тој негов сон. Имено, екипата од Mercedes-Benz, за таа пригода го обезбедила нивниот ултимативен автомобил моделот  Mercedes-AMG GT R што под хаубата има 585 разиграни коњски грла.

Навистина волшебна прикаска и прекрасно искуство што слепиот Барт ќе го помни додека е жив, што е реализирана во пустината Алворд Лејк (Alvord Lake) во Орегон, САД.

Сонот на мојот татко“ е автентичен и полн со емоции документарен филм, што можете преку видео записот пласиран преку каналот yоutube.com да го погледнете во продолжение на овој кус текст.

 

Веруваме дека ќе ви разбуди благородни чувства и дека ќе ви даде поттик и вие да бидете истрајни во остварувањето на некој од вашите соништа колку и да изгледале нереални.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигнува и мал Land Rover!

Од 2020 TDI моторите со сервисни интервали од  24 месеци или 30.000 km

Вгодина пристигнува фантастичниот Nissan GT-R50 Italdesign !

Genesis ќе се продава и во Европа

Почна продажбата на новиот VW Golf8 цената на стартот солена 27,510 евра!

Видео: Од свечената премиера на новиот Kia Хсeed во Македонија

Изненадување:Tesla Model Y со производство стартува порано

Уникатен Rolls-Royce Phantom одии на аукција!

Од Ford – сината боја ќе доминира во 2020!