Smart EQ Fortwo Racing Green Edition

Во Велика Британија Smart нуди ограничено издание на својот електричен двосед (наречен Smart EQ Fortwo Racing Green Edition) со почетна цена од 25,495 британски фунти…

Пакетот вклучува, меѓу другото, 16-инчни алуминиумски тркала Brabus Monoblock XI, LED фарови, панорамски стаклен покрив, Racing Green металик боја…

Во однос на внатрешност се издвојува ентериер во  Cognac nappa кожа, потоа мултифункционален управувач со три крака, Diamond и Racing Green шевови (споеви), како и спортски профилирани педали Brabus, односно детали од алуминиум. ..

Тука е и 8,0-инчниот Connect media систем, како и Android Auto и Apple CarPlay.

Погонот е обезбеден преку електромотор со моќ од 81 КС.

Перформансите се: Забрзувањето од 0 до 100 км на час за 11,6 секунди, максималната брзина изнесува 130 км/ч, додека со едно полнење на батеријата со капацитет од 17,6 kWh може да се поминат 128 км.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Aston Martin DB5 No Time To Die Junior

YouTuber во обид со камионет да прелета скапоцен автомобил

Како во некогашниот Top Gearu: Хеликоптер слета врз SUV на Škodа

 Yugo za 2025. godinu

Jeep Wrangler Unlimited Willys Xtreme Recon

Jeep, Ram и FIAT склучија партнерство со брендот RED да станат прв мулти бренд во автомобилската индустрија

Првите осум Bugatti Chiron Super Sport 300+ подготвени за испорака

VW подготвува off road модел Scout

Alfa Romeo GTS како замислен ривал на BNW M2