SmartVIZ проект- микро LED диодите во апликациите во кабината на возилата

Паметните апликации од научно фантастичните филмови се сè подостапни, а SmartVIZ проектот работи токму на нивниот развој и примена во автомобилите во иднина

Микро ( µ)LED може да одигра суштинска улога во обезбедувањето визуелизирани сценарија со висока резолуција, за aпликации со зголемена реалност.

Во проектот SmartVIZ, Osram соработува со ASM Amicra и Fraunhofer Институтот за интегрирани системи и технологија за уреди (IISB) за нови решенија за осветлување кои користат микро LED диоди.

Во споредба со LCD или OLED покажуваат дека μLED пикселите се појасни и поефикасни., па без мака може да ја зголемат 2ликата“ без притоа да ја блумираат (заматат јасноста на истата)

Конзорциумот има за цел да обезбеди основа за идните решенија за визуелизација со висока резолуција на транспарентни површини во ентериерот на возилата и за таа цсл гоистражува дизајнот на микро LED изворите на светлина, како и нивната употреба и производство.

Црвените, зелените и сините μLED структури ќе обезбедуваат ефикасни пиксели за слика со висока сензитивност што ќе овозмои квази-транспарентни површини да бидат иисполнети со содржина само кога μLED диодите се активни.

Транспарентни супстрати базирани на транзистори со тенок филм од индиум галиум цинк оксид (IGZO TFTѕ) ќе се користат за контролирање на индивидуалните пиксели, а истражувачите, исто така, ќе навлезат во концептот за обработка, за да овозможат големи количини од μLED чиповите да бидат брзо пренесени од изворната плочка до електрониката на возачот преку автоматско паралелно собирање.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Идната генерација на ултимативниот BMW M5 ќе има моќ од електрични 750 kW 

Opel за новата Mokka најавува high- tech внатрешноста!

VW инвестира 2,6 милијарди евра во „старт-ап” компанијата Argo AI

Најавен Maserati Ghibli Hybrid

Audi најавува „пионерски” модели со висока ефикасност”

Новите модели на Fiat нудат заштита од вируси!

Видео Škoda Superb iV и VW Passat GTE паднаа на тестот „северен eлен”!

Lancia Ypsilon Hybrid EcoChic

Peugeot управувач: Од едноставна “рачка” до мултифункцонален управувач