Смешна реклама за Volkswagen ID.4 и ID.5 GTX ја продолжува приказната стара 12 години

Ако се сеќавате на рекламата на Volkswagen во која бабата го продаде својот VW Golf од трета генерација на еден млад човек и неговиот татко, сега оваа приказна има свое продолжение…

Во 2010 година видовме реклама на Volkswagenн во која една баба продава VW Golf од трета генерација со кој претходно изведувала разни „акробации“, но и покрај се автомобилот бил во добра состојба и ги исполнувал критериумите на новите сопственици.

Оваа приказна се фокусираше на издржливоста на автомобилите на Volkswaen, но сега има продолжение кое вклучува електрични модели на германската марка.

Актерите не се исти, но приказната секако е позната. Старицата се сеќава на својот стар VW Golf и се кае што го продала, па дури и направила тетоважа со автомобил на раката.

После тоа, таа се појавува во салонот и оди на тест возење на моделот VW ID.4 GTX кој „ја враќа енергијата“, што всушност одговара на мотото „Врати ја енергијата“ (Bring back the energy). Volkswagen очигледно сака да ги промовира електричните автомобили како забава, а тоа особено важи за моделите ID.4 GTX и ID.5 GTX.

ID.4 GTX е придвижуван од два електрични мотори, по еден на секоја оска, испорачува вкупно 295 КС и 470 Nm вртежен момент. Моделот забрзува од 0 до 100 km/h за 6,2 секунди, додека максималната брзина му е електронски ограничена на 180 km/h.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оваа Testa Rossa чини „само“ 93.000 евра

Електрична трансформација на луксузниот олдтајмер

Шампионскиот болид на Шумахер од 2000-та на аукција во Април

Samsung претстави мобилен за вљубениците во BMW

Европска премиера на Peugeot Inception Concept и уметничка соработка со дизајнерот Emeric Tchatchoua, основач на 3.Paradis

Jeep Wrangler Rubicon 20th Anniversary Edition

Alfa Romeo одбележува 100 години нa Quadrifoglio брендот

Mercedes- Maybach S 580 e

Renault Clio: историја во бројки и слики