Снимен електричниот Maserati GranTurismo Folgore

Претходно оваа година, Maserati веќе ги објави плановите за додавање електрични верзии на сите модели во својата палета до 2025 година…

Италијанскиот производител на автомобили потоа планира постепено да ги укине моделите со мотори со внатрешно согорување до 2030 година за да стане целосно електричен бренд.

Секој модел на Maserati, од неодамна промовираниот теренец Grecala до супер автомобилот MC20, во иднина ќе има електричен пандан.

Електричните модели на Maserati ќе бидат дел од палетата на Folgore, која ќе биде ознака на производителот на автомобили за неговите EV модели.

Првиот електричен Maserati Folgore ќе биде новиот GranTurismo Folgore, кој може да дебитира кон крајот на тековната 2022 година (со лансирање на пазарот во претстојната 2023 година).

Според најавите, ваков електричен GranTurismo во најмоќната верзија ќе има моќ од 1200 КС.

Таа погонска единица би требало да обезбеди врвни перформанси: Забрзувањето од 0, до 100 km/h ќе биде за помалку од 3 секунди, додека пак најголемата брзина што ќе ја постигнува би требало да изнесува 306 km/h.

Исто така, се најавува дека ќе има супериорно полнење овозможено со електрична архитектура од 800 волти.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi предлага ограничувањето на AutoBahn да изнесува 200км/ч

Cadillac Escalade Limo 220.000 долари

Caterham подготвува електричен „спортист“

Dacia MD87 EVO I

Дали и кога Suzuki ќе го претстави Jimny со пет врати

Килиан Мбапе ги обожава моделите на Volkswagen

Американците се уште преферираат возила со бензински мотори пред EV

Собрал 57 казни за пребрзо возење за 54 дена!

Nissan GT-R за 2023 со две изданија