Снимен новиот Ford F-150 Raptor

Откако пред два месеци го претстави новиот F-150, од Ford го покажа, навистина маскиран, и F-150 Raptor што инаку е најавен за наредната 2021 година…

Редизајнот, покрај камуфлажата, открива и неколку големи промени, а меѓу нив, унапредена предната маска со истакната решетка, опкружена со нови фарови.

Калниците се исто така поизразени, додека изборот на гуми „падна” на BFGoodrich All Terrain – оправдан избор за теренско возило наменето за off-road тешки патеки.

Покрај подобрената механика на задните оски, Ford се фокусираше и на побезбедно и поудобно искуство во возењето.

Внатрешниот дизајн најверојатно нема да отстапи од стандардниот модел, Кога станува збор за моќноста, силата  од просечни 450 КС, како што се очекуваше, ќе може да се добие од twin – turbo V6 моторот со работен волумен од 3,5 литри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Sonata N Line

Ваков скок може да изведе само Kia

Новиот Tesla Roadster ќе настапи на Нирбургринг 2021

Наједноставно и најевтино амфибија возило

Radical SR10 за тркачи и вистински ентузијасти во големите брзини

Видео: најава за новите BMW M3 и M4

VW ID.3 најпродаван модел во првата половина на септември во Норвешка!

Dacia најави SUV со 7 седишта за 2021

„Сензационален трансфер“- Rimac станува сопственик на Bugatti