Снимен новиот Rolls Royce Ghost

Деновиве се појавија „шпионски“ фотографии на добро маскираниот  Rolls-Royce Ghost модел, „уловен“ за време на тестирањето на легендарната патека Нирбургринг…

„Помалиот брат“ на Phantom нема да го ре дефинира брендот Rolls-Royce, тука само ќе го измени дизајнот на актуелната генерација.

Се разбира, сето тоа ќе биде проследено и со неколку промени што треба да го направат по модерен и по привлечен за и така екстремно избирливите купувачи на екстра луксузни автомобили.

Очекувано, најголемите промени ќе бидат сместени под елегантната креација од лим.

Почнувајќи од платформа изработена од алуминиум што ќе го направи компатабилен со хибриден погонски систем, па преку унапредената верзија на  twin-turbo бензинскиот агрегат, што располага со работен волумен од 6.6-литри и со 12 цилиндри поставени во форма на латинската буква  V.

Внатрешноста, јасно, ќе ја следи традицијата на престижната марка кога станува збор за дизајнот и за врвниот квалитет на материјалите и на изработката.

А од новитетите што ќе бидат понудени треба да се потенцира наплив на унапредена технологија.

Втората генерација на моделот Rolls Royce Ghost, на пазарот, се очекува да се појави во текот на наредната 2020, но истиот ќе биде модел за следната 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зимата доаѓа! -Аутомакедонија во овозможува да бидете подготвени

Toyo Tires со „Зимска понуда“ во салоните на Еуроимпекс!

Во Србија наскоро ќе може да се вози и со 150 km/h

Во Лајпциг шочна производството на BMW Series 2 Gran Coupe

Акција на Volvo Cars Macedonia

Господарот на прстените со над девет електрифицирани модели во Кина

Аутомакедонија, нов увозник и дилер на Корејскиот бренд SSANG YONG за Македонија

Премиерата на Škoda Оctavia во живо – денес во 19 часот!

Во  Германија продолжува субвенционирањето на EV