Снимена новата Dacia Logan!

Низ интернетот „протекоа“ шпионски фотографии и информации што се однесуваат на новата, трета, генерација на малата романска лимузина Daciа Logan…

Како мало потсетување ќе спомнеме дека Sandero и Logan од актуелната генерација се претставени пред речиси осум години, во  2012 на Салонот за автомобили во Париз, a на почетокот на  2013 им се придружил и практичниот караван Logan MCV.

Како и новото Sandero, така и новиот Logan ќе биде изграден врз CMF-B платформата.

Исто така, автомобилот ќе биде и неколку сантиметри подолг од актуелната генерација, а ќе има и поширока трага на тркалата.

Останува да почекаме и да видиме дали и багажникот ќе има поголем капацитет од досегашниот модел (510-литри).

Автомобилот ќе се карактеризира со модерен екстериер и со LED светла, а ќе има и поголема пространост во кабината што ќе биде изработена од по квалитетни материјали и со побогата опрема (секако ќе има и помодерен информативно забавен систем).

Во однос на погонските единици, најверојатно во понудата ќе бие  и 1,0-литарски бензински мотор со три цилиндри и моќност од 65KS и од 75KS,  потоа истиот мотор надграден со турбо полнач со 100KS, како и дизел – dCi мотори со моќ од 85KS и од 115KS.

Можно е некои верзии да добијат и mild hybrid систем, a повторно ќе бидат понудени и TNG варијанти.

На крај и информација дека премиерата на новата генерација на Logan ќе биде кон рајот на тековната 2020 година, а тоа значи дека пошироката јавност ќе може да го запознае на почетокот на октомври годинава, на салонот за автомобили во Париз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Citroen подготвуваат наследници на С4 и на Cactus

Нови фотки и детали за Hyundai Prophecy

Иако се уште не е во продажба за него стасала над 600.000 нарачки

Годинава Volkswagen со plug in hybrid погони во Tiguan и Arteon

Alfa Romeo GT Junior на струја и со повеќе од  500 КС

Претставен Genesis G80, лимузина “џелат” на Mercedes Е класа…

Баварците подготвуваат лимитиран број X5 изведби со погон на хидроген за 2022

Во план и Hyundai Elantra N

Нови фотографии на продукциската верзија на Peugeot 508 PSE