Снимена Škoda Scala Facelift

По неколку години на пазарот, каде, патем речено е добро прифатена, Škoda Scala се подготвува за рестартирање, односно за дотерување и „ботокс“ третман….

Ова е потврдено со шпионски слики од маскиран тест примерок, додека премиерата можеме да ја очекуваме во првата половина на следната 2022 година.

Бидејќи тест возилото има маскирана предна и задна страна, тоа значи дека обновената Škoda Scala ќе добие модифицирани фарови и браници, како и дотерана решетка на маската.

Останува да видиме какви ќе бидат промените во внатрешноста (каде што се достапни и дигитални инструменти од 10,25 инчи и мултимедијален систем со екран до 9,2 инчи во дијагонала). Како и да е со сигурност може да се најават поквалитетни материјали и подобрен софтвер.

Škoda Scala се базира на проширена верзија на платформата MQB A0, а тоа би значело: должината на возилото е 4362 mm и нуди волумен на багажникот од 467 литри.

Опсегот на палетата на моторот треба да остане 1.0 литарски  1.0 TSI, со три цилиндри и со четири цилиндри 1.5 TSI, заедно со 1.0 TGI со погон на CNG компримиран природен гас).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Берлин петиција за законот за забрана на автомобили во поголем дел од градот

Монтирањето на WV ID,3 трае 30 часа а на Tesla Model 3 само 10 часа

VW Group ќе гради фабрика а батерии во Источна Европа

Тesla Cybertruck само за пазарот во САД

Renault 5 Prototype 5 ја освои наградата за концептен автомобил на годината

Почна производството на електричниот Volvo C40 Recharge

Нема чипови – нема производство во фабриките на Škoda во Чешка

Opel останува без погоните во Риселсхајм и Ајзенах

Најпродавани автомобили на Апенинскиот полуостров