Снимени шпионски фотки на Volkswagen Golf Variant

Новата генерација на Volkswagen Golf во караванско издание, познат под името Variant, неодамна е „уловена” од објективот на автомобилските папараци и тоа за време на тестирањата…

Се поизвесно е дека Volkswagen Golf Variant ќе стане дел од осмата генерација на Golf семејството и со себе носи нов дизајн.

Се очекуваат пропорциите на автомобилот да бидат исти како претходно. Сепак, новите фарови и пошироката долна маска го красат новиот модел. Страничниот дел од автомобилот наликува на претходникот, а светлосните групации делуваат нешто повисоко поставени во однос на седмата генерација. Во новата генерација, ветробранското стакло на багажникот сега е нешто помало, а исто така  C столбовите на караванот се поместени малку понапред.

Новиот Golf Variant е во многу сличен на хечбек верзијата се до B столбот.

Во однос на внатрешноста, воочлива е новата инструменталната плоча, а информативно – забавниот систем ќе пристигне во вид на високо поставен таблет, што е решение кое за прв пат ќе се најде кај некој Golf.

Рачката од DSG менувачот е потенка, а тргнати се и класичните прекинувачи за светлата што се заменети со капацитивните контролни единици.

Понекогаш нарекуван Jetta или Bora, овој караван отсекогаш бил важен дел од Volkswagen Golf семејството.

Во 2018 година се појавија шпекулации кои сугерираа дека овој модел ќе биде укинат во целост.

Но на радост на поклониците на таа варијанта на Golf тоа се покажа неточно, што и не треба да зачудува. Сепак, многумина во Европа, особено Германците, ја обожаваат оваа каросерија на најпродаваниот автомобил на Стариот континент.

Поради тоа производителите и понатаму нудат каравански верзии на своите модели, некогаш дури и на сметка на седан изведбите.

Притоа, потсетуваме има и два сестрински модели – Škodu Octavia Combi и Seat Leon ST. Со самото тоа, купувачите знаат што би можеле да очекуваат од овој модел.

Под хаубата, најголемите промени пристигнуваат во вид на блага хибридна технологија за речиси сите мотори. Тоа на Golf му овозможува да се движи со исклучен мотор на внатрешно согорување во извесни ситуации.

Европскиот пазар на почеток ќе ги добие изведбите со погонски единици – 1.0 и 1.5 TSI со турбо полначи.

Кога станува збор за дизел моторите, единствениот достапен агрегат ќе биде 2,0-литарскиот, кој ќе нуди моќност во распон од 115 до 200 КС во случајот на Golf GTD Variant.

За GTI караванската верзија се вели дека не треба да се очекува, но затоа GTE plug-in хибридот би била одлична опција!.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Cross sedan Citroen C3L пандан на Dacia Logan

Novi BMW Serije 4 Coupe стаса предвреме !

Пристигнува Fiat Tipo Cross

Citroen C1 JCC+ манекенски шарм на „шевронот” во мини пакување

Најавен новиот Nissan Qashqai

Ford Puma ST-Line Vignale и Puma sa 1,5 литарски дизел мотор

Нов голем Citroen пристигнува во 2021

Стартува продажбата на електричниот Volvo XC40 Recharge

Снимен Land Rover Defender со V8 мотор