Со 2.000КС, без капка бензин до 300 км/ч за само 9 секунди !

Предизвикот што го постави Tesla со своите електрични супер автомобили е сериозно сфатен од најголемите автомобилски гиганти…

Не само за оние кои ќе произведуваат возила за масата, туку и за клиентите со значително поголеми барања од автомобилите, и секако со многу подлабок џеб од просечните сопственици на милениците на тркала.

Британскиот производител „Lotus“ е познат по супер автомобилите, а тие се чини многу сериозно ја сфатија идната ера со владеењето на електричните автомобили, па така се надминаа себеси!

Lotus Еvija е првиот електричен супер автомобил на од Велика Британија. Има неверојатна моќност од 2.000 КС што го прави најсилниот масовно произведен патнички автомобил во светот.

Направено е од ултра лесни јаглеродни влакна и тежи само 1.680 кг! Забрзувањата што ги прави овој автомобил се нереални. Од 0 до 100 км/ч е околу три секунди, а тоа е резултатот што ривалите, и на бензин и на електрична енергија, можат да го постигнат , но резултатот што овој автомобил го постигнува од место до 300 км/ч е единствен!

За да забрза до фантастични 300 км/ч, на овој Lotus му требаат помалку од девет секунди!

Максималната брзина е 320 км/ч.

Досегот со едно полнење на батеријата е околу 400 км. До 80% од капацитетот на батеријата се полни за само 12 минути!

Тоа речиси колку треба да го наполните резервоарот со бензин! Значи и таа мана на електричниот автомобил во Lotus Eviјa е решен.

Тоа возило, кое беше развиено и дизајнирано и рачно изработено во познатиот дом на Lotus во Хетел во Велика Британија, има уште многу технолошки чуда.

Ја издвојуваме, за прв пат во светот применетата технологија на ласерско осветлување.

Ќе бидат направени само 130 примероци (првичното име беше „Type 130“) и тие велат дека веќе се познати имињата на среќните клиенти.

Инаку во однос на габаритот: Lotus Eviјa е долг 4,459 mm, широк 2.000 mm и висок 1,122 mm.

Цената е само 2,2 милиони американски долари, се разбира без давачките!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Škoda Enyaq iV- 2021: прв чешки SUV, класа на Kodiaq е навистина „вау”!

Електричен  Aviar R67 – Mustang на струја од Русија

Електричниот Fisker Ocean ќе се произведува во Австрија!

Hyundai го лансира Ioniq како нов суб-бренд за ЕВ

Lucid Air ќe го надмине Teslа во однос на автономијата на EV

Над милион јавни полначи за EV ширум светот

Audi брзината на процесорите поважна од бројот на КС

Групацијата FCA со партнерот Waymo уште поблиску о возење без возач!

Покажан првите примероци на хипер автомобилот Bugatti Divo