Со  MC20 во Maserati најавуваат пресвртница и нова ера под капата на Stilantis

Maserati изминатите денови го претстави својот нов спортски автомобил MC20, целосно нов модел и природен наследник на MC12, но тој претставува многу повеќе за италијанската компанија. ..

Тоа возило претставува најава и вовед во новата ера на италијанската марка која ќе продолжи со низата нови автомобили кои ќе бидат пласирани во следните неколку години. Токму затоа, веднаш по претставувањето на MC20, Maserati објави тизери за следните два свои автомобили.

Производителот веќе го најави својот нов SUV кој ќе биде поставен под Levante, а ќе ја користи платформата Giorgio на Alfa Romeo Stelvio што официјално ќе го понесе името Grecale. Нешто помал во однос на Levante, новиот Grecale ќе се произведува и во истата фабрика во Италија како и Stelvio. Автомобилот се очекува да влезе во производство во текот на следната година, а светската премиера се очекува во пролетта 2021.

Според димензиите не изгледа многу помал од Levante, новиот Grecale ќе биде позициониран поинаку во гамата, пред се фокусирајќи се на динамиката и практичноста., а освен тоа  ќе се нуди и како целосно електричен модел, што ќе биде случајот со сите Maserati модели.

Но, желбата на италијанската марка е да има дури седум премиери до 2022 година од што дури четири  ќе имаат електричен погон. За таа цел, Maserati го најави GranTurismo со тизер. Италијанската компанија не открива премногу детали за автомобилот, но се очекува да пристигне следната година, или најдоцна до 2022. Се очекува и GranCabrio, а покрај стандардното, ќе добијат и електрично издание. Веднаш потоа се очекуваат електричните MC20 и Grecale.

На крајот, треба да се напомене дека влегувањето во новата ера Maserati го одбележа и со благо рестилизирано лого кое дебитира на MC20. Компанијата реши да го унапреди своето легендарно лого, кое можеби не изгледа многу различно на прв поглед, сепак нема да помине незабележително од страна на автомобилските ентузијасти и фанови.

Од Maserati велат дека еволуираниот симбол сега е „помодерен, побалансиран и поелегантен“. Со новите промени, вертикалното овално лого кое го сочинува симболот на Maserati, популарниот Трозабец сега станува сино, а целосниот беџ станува двобоен наместо трибоен. Од компанијата новата боја ја нарекуваат Maserati Blue.

Исто така променети се и буквите од името Maserati кои се поставени на автомобилот, а наместо сјајниот финиш, сега тука е сатенскиот хромиран финиш, за кој од Maserati велат дека тоа создава потехнички ефект.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АвтоВаз произведе 30 милионити автомобил

GM со нов електричен Hummer со нов Crab Mode начин на возење

Hyundai Sonata N Line

Ваков скок може да изведе само Kia

Новиот Tesla Roadster ќе настапи на Нирбургринг 2021

Наједноставно и најевтино амфибија возило

Radical SR10 за тркачи и вистински ентузијасти во големите брзини

Видео: најава за новите BMW M3 и M4

VW ID.3 најпродаван модел во првата половина на септември во Норвешка!