Со првата фабрика на наменски електрични возила KIA ќе даде дополнитеелен поттик на електромобилноста

Корпорацијата KIA, која е во средината на преминувањето кон давател на одржлива мобилност, неодамна објави дека ќе формира сосема нов високотехнолошки паметен производствен капацитет за производство на возила со намена (PBV)…

Изградбата на фабриката ќе започне во првата половина на 2023 година, а производството во втората половина на 2025 година. Интелигентен нов производствен центар за PBV (PBV англиски акроним  Purpose Built Vehicles), ќе биде изграден во постојниот производствен погон на Kia во јужнокорејскиот град Хвасеонг. Почетокот на изградбата е најавен за првата половина на наредната 2023 година, додека комерцијалното производство е планирано за втората половина на 2025 година.

Фабриката прво ќе произведува околу 100.000 возила годишно со можност за зголемување на производството до 150.000 возила годишно, во согласност со растот на пазарот.

„Овој наменски објект за PBV е еден од главните столбови на нашата стратегија Plan S, со која Kia сака да стекне водечка позиција на светскиот пазар“, рече Хо Сунг Сонг, претседател и извршен директор на Kia Corporation. „Иницијално ќе истражуваме нови пазари со варијанти на модели PBV, а потоа постепено ќе го прошириме нашето присуство на глобалните пазари со наменски возила кои вклучуваат технологии за автономно возење.

Пробивот на Kia во секторот PBV е клучен чекор во стратегијата Plan S со која Kia сака да стане глобален лидер во решенијата за одржлива мобилност  Со стратегијата Plan S, Kia сака да стане лидер во областа на PBV до 2030 година. Во комбинација со технологијата за автономно возење, наменските возила треба да бидат револуционерни транспортни средства кои дополнително придонесуваат за напредокот на општеството.

Новата фабрика ќе има најсовремени процеси на автоматизација во комбинација со напредни технологии кои ги намалуваат емисиите на јаглерод во текот на производниот процес.  Фабриката ќе биде опремена и со поеколошки бои и уреди за заштеда на енергија кои дополнително го намалуваат влијанието врз животната средина. Објектот ќе го содржи пионерскиот паметен производствен екосистем E-FOREST, напојуван со податоци, поврзување и роботски технологии.

E-FOREST е името на новиот паметен фабрички екосистем на Kia кој сака да иновира во производствените системи со органско поврзување на сè за да постигне вредност за клиентите. „Е“ значи напредок во целата индустрија за мобилност во однос на ефикасноста и економичноста.

  

Исто така, претставува амбиција да се постигне иновација за секого, комбинирајќи елементи како што се вештачка интелигенција, роботска технологија и информатички и комуникациски технологии (IКТ) за да им се обезбедат на клиентите најдобри производи. Името Forest (Шума) се однесува на екосистем кој ги усогласува сите овие елементи за да дејствуваат како едно.,

Иднината на KIA

Кога фабриката ќе започне со работа во втората половина на 2025 година, Kia ќе произведува PBV со средна големина, што ќе биде првото наменско возило на Kia.

Ќе се базира на скејтборд платформата на Kia „eS“ која е специјално развиена за PBV.

Новата платформа може да се прилагоди на различни димензии на моделот како одговор на различните барања на клиентите.

По воведувањето на моделот со кодно име SW Kia ќе се прошири на самоуправувачки PBV со микро димензии, општа логистика, свежа храна, шатл транспорт и големи PBV кои можат да се користат како мобилни канцеларии или продавници.

Сите модели ќе бидат опремени со функцијата OTA (Over the Air), која безжично ќе го надградува софтверот на возилото во реално време, што ќе ги намали трошоците за сопственост и ќе ја поедностави употребата.

Групацијата Hyundai Motor, која се состои од Kia, Hyundai Motor Company и Genesis, планира да продава 3,23 милиони електрични возила годишно ширум светот до 2030 година, со што ќе постигне 12 отсто удел на пазарот на глобалниот пазар на електрични возила.

Групацијата на тој начин би станала еден од главните играчи на глобалниот пазар на електрични возила со исклучителни перформанси и вредност што ја надминуваат конкуренцијата.

Во првиот квартал од 2022 година, Групацијата продаде 76.801 електрични возила, што е за 73 отсто повеќе отколку во истиот период минатата 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Dacia дизајнирана да трае!

Volvo претстави камион на хидроген кој емитува вода и има досег од 1.000 километри

Ford Pro Electric SuperVan

ŠKODA AUTO го обезбеди производството на снопови за кабли

AMG го менува V8 со хибриден мотор со четири цилиндри

Нова технологија на Toyota може да спаси дете заробено во возило!

Daimler Truck иницира е- камиони со досег од 500 километри

Баварците објаснија зошто се одлучиле за SUV a не coupe за самостојниот M модел

Зелениот водород еден чекор поблиску до масовно производството