Со VEX роботски елек KIA ја олеснува работата на работниците!

Во KIA развиле роботскиот елек VEX , со цел да обезбеди полесно производство и да им помогнат на нивните работници кои поминуваат многу часови со рацете кренати над главите…

Од KIA велат дека е надминат квалитетот и можностите споредбено со другите роботски помагала бидејќи VEX нуди поголема поддршка при оптоварување, подвижност, прилагодливост и издржливост…

Кратенката VEX означува Vest Exoskeleton односно помагало што ја подобрува физичката сила на работниците во производството со имитирање на движењето на зглобовите кај луѓето.

На тој начин VEX обезбедува подобра поддршка и подвижност на работниците во производствените погони.

Елекот користи полицентрични осовини и е прв од ваков вид во светот. а се користи за да го намали оптоварувањето на  вратот и грбот на работниците кога тие треба да ги држат рацете над главата подолго време.

Покрај тоа, VEX е до 42% полесен од другите конкурентски производи и може да се носи како ранец, така што задниот дел може да се прилагоди во должина и ниво на моќност- до 6,6 kgf (kilogram-force/килограм-сила).

Развојот на овој елек е резултат на 10-месечна пилот програма во две фабрики во САД, а на  тестот се покажал како доста успешен бидејќи ја олеснил работа што резултирало со зголемена продуктивност.

Како дел од своите планови за развој на разни роботски технологии, Hyundai-Kia веќе го лансираше роботското помагало CEX (Chairless EXoskeleton).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi најавува „пионерски” модели со висока ефикасност”

Новите модели на Fiat нудат заштита од вируси!

Видео Škoda Superb iV и VW Passat GTE паднаа на тестот „северен eлен”!

Lancia Ypsilon Hybrid EcoChic

Peugeot управувач: Од едноставна “рачка” до мултифункцонален управувач

Во BMW применета вештачка интелигенција за фарбање каросерии

Ferrari нема да произведува електричен супер автомобил -струјата се уште заостанува со перформансите!

Според Ford: Ford Focus ST e супериорен во однос на VW Golf GTI

EuroNCAP со нови прописи и построги критериуми