Sony продолжува со развојот на концепт автомобилот Vision-S

Јапонскиот корпорациски гигант Sony ги изненади сите на годинешното издание на CES со дебито на нивниот концепт  автомобил Vision-S по што почнаа да циркулираат шпекулации дека има намера да влезе и во автомобилската индустрија и тоа како производител на електрични автомобили, но наскоро тоа беше демантирано од самата компанија …

Електричниот концепт автомобил на Sony со напреден автономен систем и два електромотори со моќност од 268 КС, наречен Vision-S, привлече огромно внимание на CES.

На почетокот опстојуваше мислење дека јапонската компанија ги тестира своите можности за влез во автомобилската индустрија, но од раководството подоцна потврдија дека Sony нема да биде производител на автомобили.

Сепак, сега добиваме помешани сигнали.

Имено, Sony потврди дека Vision-S е вратен назад во Јапонија каде што компанијата ќе продолжи со унапредувањата на неговите „чувствителни и аудио технологии“.

Најинтересниот дел од соопштението е тоа што концептот ќе започне со тестирање на јавните патишта пред крајот на тековната година.

„Vision-S прототипот пристигна во Токио со цел да се унапредат чувствителните и аудио технологии.

Прототипот исто така во моментов е во процес на развој за тестирање на јавните патишта оваа година“, велат од Sony.

Како потсетување, Vision-S беше развиен од страна на Sony во соработка со гиганти како Nvidia, Continental, Bosch, ZF и Qualcomm.

Целта на целосно електричниот седан беше да покаже што Sony може да и понуди на автомобилската индустрија, вклучително и нивниот напреден автономен систем за самостојно возење со 33 сензори.

Но, не станува збор за статичен прототип. Во видеото кое Sony го објави заедно со соопштението го прикажува Vision-S во движење, а од јапонската компанија тврдат дека автомобилот може да достигне од 0 до 100 км/ ч за само 4,8 секунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричниот BMW М5 со 1,000 КС

Совет : Не ставајте/ кревајте нозе врз арматурата

Nikola е прв американски камион за смет со целосно електричен „зелен” погон

KIA Sonet нов SUV од Кореја но не и за европскиот пазар!

Ares Design најавува нов модел!

Вака би можел да изгледа новиот Audi RS3 -пеницилин за Mercedes-AMG A45!

Најлуксузниот автомобил на Корејците доби ексклузивна варијанта

Porsche 718 Cayman GT4, 718 Spyder и 718 Cayman GTS 4.0 со автоматски менувачи

Twitter овозможи работа од дома за секогаш на вработените !