Сопствениците на Durango гo тужат Dodge за зголемување на обемот на производство!

Американскиот бренд Dodge во сопственост на џиновскиот автомобилски ентитет Stellantis, често е предмет на пишување на американските новинари во последните неколку недели a причините за „привлекување“ на вниманието се од различен карактер, некои поволни за усвојување на напредни технологии и посветеноста на одржлива мобилност од иднината, а некои не така поволни …

Повеќето написи беа за тоа како неговите иконски модели како Charger и Challenger наскоро ќе бидат пензионирани и како ќе бидат заменети со електрични наследници, но за кратко можевме да ја прочитаме веста за најмоќниот сериски теренец во светот наречен  Durango Hellcat.

Првично дебитираше како модел од 2021 година и беше придвижуван од 6,2-литарски бензински мотор кој развиваше 710 КС. Hellcat сè уште не е најбрз (стартер) бидејќи му требаат 3,7 секунди за да забрза од нула до 100 km/h и да достигне максимална брзина од 288 km/h. Американскиот производител на автомобили првично ни кажа дека ќе понуди само три илјади единици по почетна цена од 80.995 американски долари и дека Durango Hellcat ќе биде дел од линијата само во 2021 година.

Но, поради големата популарност, овој теренец повторно се најде во салоните оваа година, кога беа направени уште илјада примероци. Од истата причина, Durango Hellcat ќе го видиме и во наредната 2023 година. Сега, додека фановите на марката и моделот, отстрана,  ја слават таквата одлука, оние кои го купија овој перформанс SUV модел кога првично дебитираше, логично, подготвуваат тужба против матичната компанија. Не ни е тешко да откриеме зошто.

Тие тврдат дека преплатиле за Durango минатата година благодарение на ветувањето дека ќе биде модел на една година, а потоа се покажало дека се произведува „дури“ три години и дека се нуди во двојно повеќе единици отколку што првично се шпекулираше. Сè започна кога една личност која се претставува како Стејси на социјалната мрежа започна со приказната зошто ја купила модификацијата Hellcat.

Човекот вели дека претходно поседувал модел 485 Durango SRT, а потоа го избрал Hellcat токму поради ексклузивноста, како и иден колекционерски статус и едноставно можност да поседува уникатен автомобил. Меѓутоа, кога Dodge одлучи да го прошири производството двојно повеќе, Стејси поднесе тужба за лажно рекламирање. Веста се рашири на Facebook меѓу другите сопственици на Hellcat, кои се подеднакво огорчени, иако тој вели дека оние кои го немаат „уникатното“ издание не дале подеднакво поддршка.

Во исто време, тој смета дека Dodge никогаш не планирал да ја ограничи понудата на само една година, туку сето тоа било лага за да ги „присили“ клиентите да брзаат со нарачките. Тужбата се уште не е поднесена, но адвокатите веруваат дека сопствениците на Hellcat најверојатно ќе излезат како победници на суд. Тоа го поткрепуваат и претходните изјави на првиот човек на Dodge, Тим Кунискис, кој рече дека Hellcat ќе се произведува само една година, а клиентите имаат само една шанса да го купат нов. Оние други стручњаци за законот велат дека сопствениците го губат своето време затоа што не можат да излезат како победници против голема корпорација.

Во секој случај, се сомневаме дека приказната ќе заврши тука, особено во денешно време кога притисокот преку социјалните мрежи е често посилен од самиот закон. Или можеби Dodge ќе понуди некаква финансиска компензација за да ги замолчи незадоволните сопственици

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Haval H-Dog

Електричните возила само за една година поскапеа за 9.000 евра

Хибридниот WEY Yuanmeng привлекува со атрактивен „ретро лик“

Најавен Zenvo со 1800 КС

Mате Римац – кај супер богатите нема штедење

MINI како количка за продавање на сладолед – MINI Cummins Ice Cream Vans

Сопствениците на Tesla се жалат на воланот кој се распаѓа по 6.000 км

Снимен електричниот Maserati GranTurismo Folgore

Acura Precision EV Concept