Сопствениците на Tesla се жалат на воланот кој се распаѓа по 6.000 км

Сопствениците на Tesla Model S Plaid, деновиве, на социјалните мрежи ги опишуваат проблемите што ги имаат со дел од овој импресивно брз електричен автомобил…

Станува збор за материјалот со кој се покрива контроверзниот „Управувачки јарем“( Steering Yoke ) кој наводн, според нивните поплаки, се распаѓа со алармантна брзина. Неколку луѓе на Twitter и форумите на Tesla Motors Club се пожалија на проблемот со абење (трошењето)  на материјалот околу рачките на управувачот. Засега се чини дека проблемот има чисто естетска природа, но тоа е проблем кој се јавува многу брзо.

Сопственикот на клубот Tesla Motors неодамна се пожали дека материјалот почнал да се троши (распаѓа) по само шест месеци, пренесуваат новинарските агенции. Креаторите на сајтот The Kilowatts исто така пријавиле дека го имаат истиот проблем и дека тоа се случило со нивниот управувач, по само 40.000 километри. Еден TikToker рече дека неговиот волан почнал да се лупи по 12.000 милји, додека друг сопственик рекол 6.000 милји.

Се разбира, многу луѓе застанаа на страната на  производителот на електрични автомобили  од САД, Tesla Motors и ги обвинија сопствениците за злоупотреба на управувачот. При тоа како причина за пребрзото „распаѓање“ на управувачот на овој автомобил посочија на очигледни набори, кои можеби биле предизвикани од ноктите на рацете.

Други сепак укажаа на користење на погрешен лосион за раце, односно креми и помади, или пак на употреба на  средство за дезинфекција на рацете, чии состојки, според нивните тврдења, може да го забрзаат влошувањето на материјалот.

Недостатокот на издржливост на делот е уште повеќе разочарувачки поради фактот што основниот Tesla Model S чини повеќе од 95.000 американски долари, додека перформанс верзијата на овој модел со ознака Plaid има стартна цена од дури 135.990 долари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi предлага ограничувањето на AutoBahn да изнесува 200км/ч

Cadillac Escalade Limo 220.000 долари

Caterham подготвува електричен „спортист“

Dacia MD87 EVO I

Дали и кога Suzuki ќе го претстави Jimny со пет врати

Килиан Мбапе ги обожава моделите на Volkswagen

Американците се уште преферираат возила со бензински мотори пред EV

Собрал 57 казни за пребрзо возење за 54 дена!

Nissan GT-R за 2023 со две изданија