Совети : Ако откаже акумулаторот пред да купите нов проверете три работи

Новата батерија (акумулатор) не смее да се инсталира пред да се провери електричниот систем и инсталацијата на автомобилот…

Инаку, ако има проблеми во електричниот систем што предизвикуваат батеријата да откаже (значи, проблемот не е во нејзината дотрајаност – потрошеност), може да се случи и новиот акумулатор ( батерија) бргу по ставањето да се испразни или откаже.

Познато е дека здравиот дел, кога станува збор за болно окружување, се „разболува!” односно откажан.

Затоа, пред да набавите или инсталирате нова батерија, треба да се провери следново:

Исправност на алтернаторот

За добро да се полни акумулаторот, напонот на алтернаторот, во средниот опсег (на вртење) на моторот, треба да биде од 14,2 до 14,5 V.

Ако напонот за полнење е надвор од тој напонски интервал, проблемот е со регулаторот на напон и / или исправноста на алтернаторот.

Тоа треба да се доведе во ред, и да го сервисирате, а алтернаторот кај постари автомобили, односно со повеќе минати километри  е препорачливо и превентивно да се сервисира – по сервисот ќе се создава помали механички отпори и ќе произведува повеќе електрична енергија.

Потрошувачка на електрична енергија во мирување

Тогаш електронскиот модул е вклучен во програмата „спиење“ за одржување на основните функции, како што е електронското блокирање на палењето, а моќноста не треба да надминува 5 mA.

Ако јакоста на струјата во мирување е поголема, проблемот е во електронскиот модул или во инсталацијата.

Во првиот случај, неопходно е да се репрограмира системот, а во вториот да се поправи електричната инсталација на местото каде што струјата „прескокнува“.

Исправност на електро -задвижувачот (Анласер)

Препорачливо е електро –задвижувачите кај постарите автомобили да се сервисира, при што роторот се „токари” и се менува, а се подмачкува лежиштата.

Како и кај алтернаторите, препорачливо е електричниот стартер да се сервисира  превентивно кај постарите автомобили со голема километража. Ќе создава помал механички отпор и ќе троши помалку електрична енергија за да се задвижи (запали) моторот.

Ако е во прашање една или повеќе од овие причини, и сè не е проверено и поправено пред да се инсталира новата батерија ( акумулатор) , новата батерија исто така веднаш ќе откаже.

Откако се добро ќе поправите кај добар авто електричар, проверете го нивото на електролит во акумулаторот и надополнете го со дестилирана вода колку што е потребно.

Потоа наполнете го со надворешен полнач.

Можеби ќе можете да го спасите, но неговиот живот секако е значително намален.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако еден автомобил го користат повеќе возачи задолжително дезинфицирајте го!

Volkswagen исплатил поголем дел од спогодби за отштета во „дизелгејт” скандалот во Германија

Tesla повторно пред проблеми сега поради големиот централен екран во модел Ѕ

Видео Škoda Superb iV и VW Passat GTE паднаа на тестот „северен eлен”!

Совет: Ако се запали сијалицата за АВЅ – итно на сервис!

Совет –Автомобилот долго стои, еве како да ги сочувате гумите во оптимална состојба

Комбе натоварен со бетонски блокови со брзина од 50 км/ч удира во ѕид

Колку се точни податоците на производителите за потрошувачката на гориво на нивните модели

Како се вози на пат без средишна линија