Современите информативно забавни системи поопасни од дрога и алкохол

Студијата направена од страна на хуманитарната организација IAM RoadSmart, од В. Британија покажала дека возачите кои „чепкаат” по екранот чувствителен на допир во своите автомобили додека возат имаат побавни реакции дури и од возачите кои се под влијание на канабис, или на алкохол!!!

Организацијата IAM RoadSmart од Велика Британија ги објави резултатите од студијата што го анализира влијанието на информативно – забавниот систем во автомобилите на брзината на реакциите на возачите.

Истражувањето дека системите што користат touchscreen екрани имаат големо внимание на сигурност во сообраќајот и дека ги прават реакциите на возачите побавни и полоши одошто кога се под влијание на канабис, или пак на алкохол.

Резултатите од студијата покажуваат дека реакцијата при користењето на информативно забавниот систем во автомобилот доведува, до во просек задоцнето запирање во итните ситуации, и дека возачите што со тоа се занимавале за време на возењето успеале да го запрат автомобилот за четири до пет должини на автомобилот подоцна одошто во нормални услови.

Оттргнувањето на вниманието од случувањата на патот и од сообраќајот траело дури до 16 секунди, за кое време автомобил на автопат, на пример, поминува околу 500 метри при брзини од 110 km/h.

Невниманието и оттргнувањето (губењето) на фокусот на возачот е причина за околу една третина од сите сообраќајни несреќи во Европа.

Имено екраните на допир (Touchscreen)  особено се опасни бидејќи одземаат повеќе внимание одошто тоа го прават класичните копчиња и тркалца и прекинувачи, а нивната опасност ја потврди и истражувањето на американската автомобилска организација AAA, објавена минатата година.

Системите Android Auto и Apple CarPlay го направиле побавно времето на реакцијата за околу 50%, што е поголемо одошто кај лицата кои се под дејствие на канабис, а може да биде и пет пати полошо одошто во случај кога возачот е под дејство на алкохол и тоа на со закон дозволената граница.

Најмногу влијание користењето на информативно забавниот систем имало врз задржувањето на возилото во рамките на лентата на возење како и на одржување на константната брзина и растојание од возилото што се наоѓа напред.

Бирање музика на системите Android Auto и Apple CarPlay имало дури и поголемо влијание врз реакцијата на возачот одошто испраќањето на пораки преку паметниот мобилен телефон, велат од организацијата IAM RoadSmart.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

PSA групацијата донира над 400.000 маски и друга медицинска опрема на болници во Европа

Polestar Percept нови детали и фотки – можна најава за електричниот SUV Polestar 3

Jaguar Land Rover против корона вирусот

Видео Црвено Ferrari што ви го одзема здивот и негова заштита од гребници

Фудбалерите на Баерн не го фаворизираат Audi, клубот со драстични казни

Составете си тркачка Toyota дома – во стилот седи дома

Место автомобили Seat произведува вентилатори за респиратори, а Lamborghin заштитни маски и визири

Лекарите бараат лимитирање на брзината во градовите на 30 км/ч

Видео: Mazda 100th Anniversary Special Edition