Специјална едиција на Bentley Continental GT

Дизајниран со помош на Mulliner, моделот во ограничена серија, претставува кабриолет едиција, инспирирана од баварскиот регион, која доаѓа во само еден примерок

Познат како креатор на луксуз на тркала, Mulliner потекнува од времето пред автомобилската ера, каде уште во 1500-те години бил произведувач на луксузни кочии, за крунски глави и бчлагородници…

Пред речиси еден век, Bentley се најде во рацете на Mulliner, а сега тие заедно ја изработија ограничената верзија на популарниот модел Continental GT Convertible.

Инспириран од баварскиот регион, новата ограничена едиција го носи името Bentley Continental GT Convertible Bavaria Edition.

Новиот кабриолет е креација на Стефан Силаф, шеф на одделот за дизајн на Bentley, кој преку овој модел тој му оддава почит на планинскиот германски регион.

Тематсиот стил на моделот се базира на бела и сина боја, нијансите на баварското знаме, каде екстериерот е во Glacier бела боја, пропратен со контрастен Imperial син покрив.

Овој тренд го прати и ентериерот, со бело –сините  контрастни шевови, како и Mulliner Glacier белата централна табла.

Напред, ќе ја најдете истата шема како кај баварското знаме, која продолжува на потпирачите за глава и хромираните плочи.

Како и останатите Bentley модели со Mulliner спецификации, Continental GT Convertible Bavaria Edition е опремен со хромирани предни светлосни уреди и 22-инчни Mulliner фелни.

Што се однесува до погонската единица,  aгрегат со 12 цилиндри поставени во форма на латинската буква W, кај оваа едиција нема претрпено никакви промени во однос на перформансите .

Па така забрзувањето од о до 100 km/h  останува непроменет, за 3,8 секунди, како и максималната брзина од 333 km/h

Ограниченото издание се состои од само еден примерок, кое официјално ќе биде претставен на ексклузивен настан во Минхен.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воената полиција на Русија вежба возачки вештини!

Најбрз блиндирана автомобил на светот !

Polestar и Koenigsegg ќе „танцуваат” заедно!

DMC Ferrari 812 Superfast Spia

Hennessey Performance Jeep Grand Cherokee Trackhawk со1012 KС

Mazda RX-Vision GT3 (2020): Со „огнено крштевање“ на PlayStation повикува на враќање на Wankel мотор

Ќе ја биде – нема да ја биде – Alpine ќе опстане како производител на електрични возила

Spiderman ќе вози Hyundai Sonata

Најпознатиот автомобил на Џeмс Бонд повторно во производство- Цена „боли глава”