Специјална Lada 4×4 Black

Пандемијата на корона вирусот доведе до намалување на економската активност, а исклучок не е ниту продажбата на нови автомобили, што е потврдено и и со извештаите, за падот на продажбата на глобално ниво и најави за отпуштања во автомобилската индустрија, но има и исклучоци…

Една од нив е руската „АвтоВАЗ“, која во третиот квартал, во матичната земја, ја зголеми продажбата на автомобили „ Lada  за 4,5 проценти со вкупен раст на пазарот од 3,7 проценти.

Иако двата најпродавани модели на пазарот се автомобилите на Ladа моделите Granta и Vesta, сепак е изненадувачки што постои голем интерес за Lada 4х4, култен теренец познат на нашите простори со оригиналното име Niva.

Како што известуваат новинските агенции причината за добрата продажба е ефикасноста на експертите за маркетинг на АвтоВАЗ кои со често лансирање специјални серии успеваат да внесат малку свежина во моделот претставен пред помалку од 44 години.

Така, овие денови АвтоВАЗ објави специјален модел Lada 4×4 Black кој доби црни 16-инчни алуминиумски тркала и плоча со натпис Black на предниот калник. Во ентериерот доминираат црни акценти на прекривката на сводот од покривот и седиштата се со натписи Black

Иако ЛLada не ги објави спецификациите за опрема, се чини дека црната серија се потпира на најлуксузната Lada 4х4 Urban Luxs, која вообичаено доаѓа со клима уред, додатоци за сопирачки ABS / EBD / BAS, серво волан, електрични прозорци, загреани предни седишта, електрично прилагодливи и загреани надворешни ретровизори, предни светла за магла

Да потсетиме, пред 10 месеци, Lada 4×4 доби изменет ентериер, односно нова табла, која има и нова централна конзола со тркалезни контроли за климатизација, греење и вентилација – наместо претходните „лизгачи“.

Цените и датумот на лансирање на пазарот на специјалната верзија на Lada 4×4 Black не се објавени.

Само како компарација ќе наведеме сека споменатата богато опремена, со три (3)-врати Lada 4×4 Urban Luxe, во Русија, чини 592 илјади руски рубљи, или околу 6.545 евра!

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Nissan Note и официјално дебитира

Volkswagen ID.5 само за Европа

Во Кина дебитираше освежениот Jeep Compass

Nissan Note дебитира утре

Kia Sorento Yosemite Edition и  Sorento Zion Edition

Уловена Kia Sportage 2022

BYD D1

Пристигнува електричен VW I.D. Vizzion concept

Elation Freedom супер спортист на струја