Специјална Royale серија модели на Maserati за супер избирливи клинти!

Производитлот на премиум спортски автомобили од Италија претстави лимитирана серија на специјално опремени возила со ознаката Royale, со која се опфатени моделите  Levante, Quattroporte и Ghibli…

Италијанската компанија веќе има направено таков потег , односно лансирање на автомобил со име користено за најскапоцените и најлуксузни верзии на третата генерација Quattroporte – а тоа е Maserati Royale.

Верзиите Royale имаат унапреден 4,9-литарски V8 мотор, поради  модификации што резултирале сила од 300, наместо 280 КС. Покрај тоа, примероците од Royale едицијата поседуваа четири посебни, електрично подвижни седишта, тримови изградени од скапоцена кожа, минибар…

Во почетокот, Maserati планирал да произведе вкупно 120 примероци, но по стариот добар италијански обичај, во интервалот од 1986 до 1990 година, од производната лента се симнале само 51 возило од тој тип.

Овој пат озната Royale ќе биде употребена за специјалната серија која брои 100 примероци, три актуелни модели кои ќе ја имаат таа чест да го понесат истата, а тоа се SUV моделот  Levante и седаните Ghibli и Quattroporte.

Возилата од ултра луксузната едиција ќе имаат специјалната облога на седиштата кои ќе користат тенок слој на плетен материјал, со комерцијален назив Pelletessuta, составен од nappa кожа и волна. Купувачот ќе можатда да изберат  ентериер во  кафена боја, или пак со чоколадна, со црни контрастни акценти.

Креациите од Royale сериите се нудат со каросерија во две бои, „кралските“ нијанси на сина и зелена боја ги носат комерцијалните називи: Blue Royale и Verde Royale, а со својот изглед потсетуваат на тоа што го претстави оригиналниот Maserati Royale.

Карактеристични за оваа специјална едиција на Maserati  се и 21-инчни Titano фелни, со дизајн специално развиен за нив.

Сите модели можат да се нарачаат со најширокиот можен список на опциона опрема.,што подразбира врвна  музичка линија Bowers & Wilkins панорамски покривен отвор, како и специјална ознака на централниот тунел на кој пишува „Uno di cento“ (еден од сто).

Пимероците, па што ссе опремени со најмоќните турбо бензински мотори со осум цлиндри поставени во форма на латинската буква  V нема да бидат достапни во Royale едицијата.

Изведбите Maserati Ghibli, Quattroporte и Levante во Royale едиција доашаат само со агрегати со шест цилиндри исто таа во конфигурација на латинската бува V, со работен волумен од 3,0-литари. со 275 КС (дизел мотор), односно 350 или 430 КС (бензински мотор).

Испораката на овие автомобили почнува во март тековната 2020.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Unimog се „качи“ на највисокиот вулкан во светот и стана апсолутен рекордер

PD One автомобил што лета инспириран од Ferrari

Светската тнисерска ѕвезда- Новак Ѓоковиќ во реклама за Peugeot e-208

Автомобилската колеција на Пол Вокер продадена за 2,33 милиони доалри

BMW i4 concept пристигнува за малку повеќе од еден месец во Женева!

За првиот нов Chevrolet Corvette Stingray платени 3 милиони долари!

Audi и FC Bayern München продолжуваат заедно- фудбалерите добиваат e-tron!

Ford Mustang GT од филмот Bullitt продаден за 3,74 милиони долари

Hongqi H9 –Премиум ривал на германското свето тројство доаѓа од Кина