Специјална верзија на Jaguar E-Pace

Последниот специјален модел на британската марка има широк спектар на дополнителна опрема, но и уникатна палета на нови бои

Jaguar ја лансирање новата специјална верзија на својот SUV предводник, E-Pace под името Chequered Flag Edition, што претставува подобро опремена верзија на врвниот E-Pace R-Dynamic и има врвен опсег на бројни перформансни и стилски надградби, како и уникатна палета на бои.

Однадвор  Jaguar E-Pace Chequered Flag Edition вклучуваат нови 19-инчни алуминиумски фелни, голем број „ Chequered Flag “ ознаки и избор од четири ексклузивни бои и исто како и E-Pace R-Dynamic, каросерија во спортска изведба, со двојни издувни цевки и LED светлосни уреди.

Внатре, Jaguar E-Pace Chequered Flag Editionдоби спортскиот управувач од R-Dynamic, 12.3-инчен дигитален екран и предни седишта со греачи, изработени од кожа со црвени шевови, а тука е и новиот 10-инчен информативно забавен систем, со поддршка за Apple CarPlay и Android Auto.

Погонската палета на новиот E-Pace е составена од четири мотори; почнувајќи со турбо диаел со работен волумен од 2,0 литрс, со четири-цилиндри, со две изведби на моќност, со 148 КС и вртежен момент од 380 Nm и со 178 КС и 430 Nm .

Следат  бензински агрегати, со работен волумен од 2,0 литри, со турбо полнач, со две варијанти на моќност:од 197 КС и 320 Nm вртежен момент, односно 246 КС и 365 Nm.

Сите овие изведби се поврзани со девет-степен автоматски менувач и систем за погон на сите тркала.

Во останатите карактеристики кај Jaguar E-Pace Chequered Flag Edition се вбројува адаптивниот динамички систем на Jaguar, што обезбедува подобрено ракување и удобност при возењето, со прилагодување на амортизацијата и аголот на отклонување на каросеријата во зависност од површината на патот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руси и се е можно – Од Bentley направил тенк!?

Обновен Citroën Scarabee d’Or првото возило што ја минало Сахара!

BMW i3 -хит за полицајци пожарникари и итна служба…

Баварците ја одбележуваат 35 годишнината на Series 5 со лимитирано издание

Renault Zoe такси што самостојно вози!

Книгата за брендот Bentley поскапа од автомобил на оваа марка!

Посебна серија Smart ForTwo FCE #21- за збогување со бензинците

Porsche Driving Expеrience-нова авантура и промоција на новиот 911 во Македонија

Новиот Alfa Romeo 8 C – Hybrid co 800 KS