Специјална верзија на Porsche 911 GT2 RS

Германскиот производител на супер спортски автомобили Porsche подготви специјална верзија на 911 GT2 RS наречена Clubsport 25 во чест на 25-годишнината на основањето на тиумот на Manthey-Racing…

Manthey-Racing започна со своето делување пред 25 години, а Porsche го презеде мнозинскиот пакет акции во тркачката компанија во 2013 година. Со цел да ја прослави 25-годишнината, Porsche ќе произведе ексклузивен модел наречен 911 GT2 RS Clubsport 25 кој е дизајниран за доминација на тркачката патека.

Porsche 911 GT2 RS Clubsport 25 е сличен со Porsche 935 од 2018 година со тоа што двата модели се базирани на стандардниот 911 GT2 RS Clubsport моделот од 991 генерацијата.

Clubsport 25 треба да ја пополни празнината меѓу овој и моделот од 992 генерацијата кога станува збор за технологијата и аеродинамиката, што значи дека автомобилот е опремен со битурбо 3,8-литарски со шест цилиндри агрегат што испорачува 700 КС,а моќта ја  пренесува на задните тркала преку седум степениот PDK менувач со двојна спојка.

За инспирација, Porsche го искористи моделот на Manthey 911 GT3 R, кој се прослави со својата уникатна зелено-жолта Grello „униформа“. Комбинацијата на бои се наоѓа и на оваа специјална верзија на Porsche во форма на храбрите акценти.

Одлика на автомобилот е централно позиционираниот радијатор кој го одржува оптималниот проток на воздух на предниот дел, а е поставен зад централниот отвор кој се наоѓа во редизајнираната предница. Аеродинамиката е клучен дел од перформансите на возилото и затоа Porsche го опреми со затворено подвозје, редизајниран карбонски преден поклопец и масивно задно крило.

Репозиционираниот радијатор и променетиот дизајн на предницата му овозможи на Porsche да го унапреди протокот на воздух кон предните сопирачки со отстранување на радијаторите во предните крила.

Тоа се само дел од големиот број на модификации кои Porsche ги направи на екстериерот и ентериерот на автомобилот, а истите завршуваат со вграден безбедносен кафез и значка кој означува дека станува збор за ограничена серија.

Porsche планира да произведе само 30 примероци на автомобилот, а секој од нив ќе има цена од 525.000 еврам додека испораките треба да започнат во јануари следната година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Maserati ќе настапи во формула Е во сезоната 2022-23

Hyundai i20 N WRC

„Кармејкерите“ поради пандемијата имат 210 милијарди долари загуби

По 12 етапи и над 8.000 километри низ пустина заврши Дакар Рели 2022

Audi со четвртата етапна победа докажа дека „апсолвира“ на Дакар рели!

Легендата на Дакар Рели дојде до првата етапна победа во годинешното издание

Dakar Rally 2022 одбележан со Toyota што ги освои сите места на подиумот

Audi на осмата етапа покажа дека созрева во сериозен играч на Дакар

Себастијан Леб ја потврди шампионската класа