Специјално изданија на Lexus LC 500

Премиум  марката на Toyota – Lexus штотуку лансира ново специјално и ограничено издание на своето луксузно купе LC 500, именувано како Inspiration Series и мора да признаеме страшно добро изгледа…

Тоа специјално издание на јапонското купе однадвор е веднаш препознатливо по  21-инчни алуминиумски фелни во два тона на бои и впечатлива Nori Green Pearl боја, ексклузивна за LC 500 Inspiration Series.

Внатре исто така добила низа измени во однос на „основната3 верзија, како шама на двобојност , комбинација на кафена нијанса и алкантара што го потенцира нивото на луксуз, а контрастот  го даваат црните кожни завршетоци по инструмент таблата, централната конзола, вратите и управувачот со кафени шевови.

Инаку, кога станува збор за моторизацијата, моделот LC 500 Inspiration Series  под хаубата има ист  тѕрбо бензинец со работен волумен од 5,0 литри, со осум цилиндри поставени во форма на латоинската буква  V,  со 471 КЅ и 540 Nm.

Силата преку 10 степен автоматски менувач и диференцијал со ограничено лизгање се пренесува на тркалата на задната оска .

Како и стандардната варијанта, специјалната едиција на моделот достигнува брзина од 100 km/h за време од околу 4,5 секудни и јури до максималните 270 km/h.

Специјалниот LC 500 Inspiration Series е ограничен на само  100 примероци што на пазарот ќе се појават во октомври тековната 2019 година .

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четврта генерација Škoda Fabia (MY 2021) го покажа својот лик!

Новата Opel Insignia сјае со новата генерација на IntelliLux LED пиксел светло

Четвртата генерација на Audi A3 Sportback пристига вгодина!

Пристига Citroen C3 Aircross C-Series edition!

Во 2020 Opel Insignia добива освежување

Подновен Jaguar F –Type за 2021

Porsche 911 Hybrid над сите Porsche 911!

Audi RS 3 (МY 2021) со 410 KS

Прекрасниот crossover новиот Kia Xceed пристигна во Скопје