Специјално изработена Range Rover SVAutobiography за боксерскиот шампион

Од Land Rover, деновиве, го претстави единствениот Range Rover SVАutobiography, специјално направен за познатиот боксерскиот шампион Ентони Џошуа…

Станува збор за единствен (уникатен) модел на Range Rover SVAutobiography што вклучува и специјална ознака поставена на B столбот од луксузниот SUV, со изгравирани IBF, WBA, WBO и IBO титулите на Меѓународната боксерска асоцијација, кои се во сопственост на Џошуа.

Исто така, во автомобилот се наоѓа и грбот на неговото семејство!!!.

Седиштата се украсени со автограмот на славниот боксер, а на централната конзола, осветлените прагови и алуминиумските делови од арматурната плоча се наоѓаат детали за дополнителна персонализација.

Покрај тоа, на внатрешните рачки од вратите, изгравирани се мали боксерски ракавици.

Уникатниот Range Rover доаѓа со продолжено растојание помеѓу оските и поставен е на тркала големи 22-инчи, а на предните вшмукувачи на воздух се наоѓа бројот 258, што ја претставува компанијата која го застапува британскиот боксер.

„SVAutobiography ќе го отстрани стресот кој доаѓа со долгите патувања, ќе ми овозможи да се опуштам во апсолутен комфор, а неговиот уникатен дизајн го содржи грбот на моето семејство, како и потсетници на мојот успех во боксот. Му се заблагодарувам на тимот во Land Rover Vehicle Personalisation одделот кој ги прифати моите идеи и ги претвори во реалност“, изјави Џошуа.

Инаку, овој Range Rover се напојува со supercharger бензински мотор со работен волумен од 5,0-литри, со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, што му овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за само 5,4 секунди и  максималната брзина од 250 км/ч.

Цената на автомобилот на Ентони Џошуа не е објавена, но стандардниот Range Rover SVAutobiography е најскапиот модел во понудата и чини 170.525 фунти, односно околу 192.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volkswagen Arteon coupe: евтина алтернатива на Audi A5 или нешто повеќe?!

Разбојникот го исфрлил сопственикот од автомобилот но потоа не знаел да излезе од него !

Известување до потрошувачите, целокупната јавност и до сите релевантни институции

Новата Opel Mokka веќе ја возеше Јирген Клоп

Се продава Dodge WC-57 во кој во Втората светска војна се возел легендарниот Генерал Патон

Долга традиција на електрични автомобили на Opel

Alfa Romeo GT Junior на струја и со повеќе од  500 КС

Audi го заштити името R8 Green Hell и ја потврди екстремната изведба

Fiat 500e Abarth- Спортската икона доби погон на струја