Спласнува оптимизмот дека до 2030 година ќе преовладуваат EV

Глобалните шефови на автомобилската индустрија се помалку се убедени во брзата доминација на електричните возила…

Односно, тие покажаа помалку ентузијазам од пред една година поради проблемите со синџирот на снабдување и растечките економски грижи, така покажува истражувањето објавено во вторник ,од страна на CBS..

Повеќе од 900 директори на автомобилската индустрија учествуваа во годишното глобално истражување за автомобилската индустрија на KPMG, меѓународна консултантска и сметководствена фирма.

Taка, KPMG известува дека директорите на автомобилската индустрија се помалку оптимисти за доминацијата на електричните возила на пазарот во САД и на глобално ниво до 2030 година.

Проценките за продажбата на нови електрични автомобили се движеа од 10% до 40% (од вкупниот пазар) во овогодинешното истражување, што претставува пад од 20% до 70% една година порано, пренесуваат специјализираните портали.

Намалениот оптимизам во усвојувањето на EV се должи на построгите барања за стимулација на возилата, зголемената загриженост за суровините за батерии и рекордните цени на возилата.

Ваквите грижи се надоврзуваат и на другите грижи за синџирот на снабдување и стравувањата од рецесија.

На прашањето што мислат за компаниите, производители на електрични возила, кои ќе владеат на пазарот во 2030 година, раководителите ја издвоија Tesla, но многумина мислат дека новодојденците како Apple ќе бидат сериозни играчи.

Повеќе од 200 испитаници биле извршни директори, а останатите биле на пониско ниво.

Apple доби 133 гласа во анкетата за водечка позиција на пазарот на електрични возила.

Тоа е четвртиот најголем број гласови, зад Tesla (223 гласа), Audi (206) и BMW (196).

Компанијата Apple имаше 91 глас една година порано, и покрај тоа што компанијата никогаш јавно не ги потврди плановите за електрично возило.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Mufasa

Регистерска табличка со ознака „R“ продадена за три милиони евра

Најдобри возачи на светот се Јапонци, а најлоши од Тајланд

Популарноста на кинеските возила расте ширум светот

Maserati би можел да направи неколку уникатни модели

Супер-спортист на Lamborghini, со делови“ од пристапни секојдневни модели!

Како би изгледало кога Bugatti, Porsche и Rolls-Royce би произведувале камиони?

VW ја разгледува можноста за електричен pick – up наменет за пазарот во САД

Ineos планира повеќе нови модели вклучувајќи и два електрични