Според Ford: Ford Focus ST e супериорен во однос на VW Golf GTI

Во поткрепа на тврдењата на стручњаците од компанијата со син овал во логото се и бројките што се однесуваат на перформансите…

На европските пазари каде конкуренцијата во сегментот на hot hetch модели е повеќе од жестока и каде избор има „колку  срцето ти сака”, мора да се издвоите на некој начин да ги убедите луѓето дека вашиот модел најдобар.

Честопати помага и по некој збор на производителот …

Шега настрана, но екипата на Ford смета дека во своите раце имаат вистински скапоцен камен.

Шефот на Ford Performance Europe, Штефан Мојцингер, вели дека се исполнети многу врвни стандарди во развојот на најновиот Focus ST. Беа направени тестови против Hyundai i30N, Honda Civic Type R и Volkswagen Golf GTI и беше заклучено дека Focus ST е чекор над Golf GTI, во однос на перформансите и на возите својства.

„Да, го гледавме Golf GTI, но сигурно не е тоа кон што целевме. Сакавме многу поостро, поагилно возило од Golf GTI, во што, мислам, дека успеавме “.

Под хаубата на новиот Ford Focus ST е интересна 2,3-литарска турбо единица со импресивни 280 КС и 420 Nm. Што се однесува до менувачот, изборот се состои од шест степен мануелен и седум степен автоматски.

Нема погон на сите тркала како претходниот Ford Focus RS, но има електронски контролиран механички диференцијал со ограничено лизгање. Мојцингер напомена дека најблиските ривали имаат слични системи, користејќи го терминот „ e-diff“.

„Меѓутоа, тие го прават тоа со помош на векторирање на вртежен момент преку употреба на сопирачки, а тоа е прилично различен пристап“. Ford Focus, вели Моцингер, ја има најнапредната контрола на пролизнување што може да ја имате во автомобил со погон на предните тркала.

VW би можел да ја лансира подмарката Jetta и на други пазари

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дополнителната опрема на Fordo многумина ба сакале да ја имаат во автомобилот

McLaren Artura нов хибриден супер автомобил на Британците

Porsche Macan и Audi Q5 e-Tron на струја пристигнуваат во 2022

JLR бара блокада на увоз на SUV возилата на VW Group во САД

MINI ја покажа иднината на урбаната мобилност!

Ford Kuga Hybrid пристигна на пазарот

VW Group вложува 73 милијарди евра во развој на нови технологии

Tехнологија од „голем автомобил“ и освежен дизајн за надградениот Kia Rio

Систем на BMW што ги предупредува возачите за радари