Спортски концепт Suzuki Misano by IED

Атрактивниот спортски двосед е дело на јапонскиоат производител на автомобили Suzuki и италијански дизајн и производителите на авто елементи и додатоци од Апенинскиот полуостров…

IED (Istituto Europeo di Design) од Торино го претставува концептот Suzuki Misano, возило за кое се вели дека го поврзува светот на автомобили и мотоцикли (комбинација на спортски дух и практични автомобили на Suzuki со светот на мотоциклите).

За дизајнот се погрижија студенти на IED, во соработка со јапонска компанија.

Инаку, Misano е електричен спортски автомобил со четири електромотори, ниско тежиште, а внатре нуди конфигурација со две седишта (двосед).

Самото возило е долго 400 см и ширина 170 см.

Внатре има волан што во Suzuki го нарекуваат „управувачка единица“, затоа што можете да ги контролирате сите аспекти на автомобилот без да ги тргнете рацете од воланот (тогаш може да забрзате и да сопирате, исто како на мотоцуклите).

Во реализацијата на проектот учествуваа и EDAG Italia, Torino Crea, Freeland.car, Raitec, Pirelli и OZ Racing.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ferrari F125 TDE?

Од Германија најавен EV болид побрз од Rimac C_Two

Хипер автомобил Viritech Apricale со 1100 КС

Volkswagen под истрага поради прво-априлската шега Voltswagen

Возете паметно и заштедете повеќе

Уникатен блиндиран Porsche 911

Луксузниот Bentley на кралицата на Англија на аукција!

GTO Engineering Squalo инспириран од Ferrarijem 250 GTO

Тркачка верзија на Volkswagen ID.4