Спортскиот MG4 XPower со 429 КС

Најавен минатиот месец, електричниот MG4 XPower со моќ од 429 КС сега е официјално откриен, а при тоа е обелоденета и неговата цена која изнесува 36.495 британски фунти на пазарите во Велика Британија…

Пошироката јавност подобро го запозна на фестивалot на брзината во Гудвуд ( Goodwood festival of speed). Во секој случај, MG4 XPower е спортска верзија на веќе добро познатиот MG4, овде доаѓа со два електрични мотори и погон на сите четири тркала.

Оваа погонска комбинација нуди вкупна моќност од 429 КС и 600 Nm максимален вртежен момент. Тоа е гаранција за супериорни перформанси: Забрзувањето од 0 до 100 km/h за само 3,8 секунди.

Поголемата моќност неизбежно влијае на досегот, со пад на 384 km од 452 km (полнење 10-80% за 35 минути на брз полнач), а волуменот на багажникот исто така е намален од 363 на 289 литри.

Забележано е дека MG4 XPower доаѓа со модифицирана суспензија, подобрено управување, нов систем за динамичка контрола на свиоци, црн контрастен покрив, портокалови клешти на сопирачките, аеродинамичен пакет, LED фарови, 18-инчни тркала, за поекспресивна спортска надворешност. На што се надоврзуваат и затемнети стакла,

Во таков стил е креирана и внатрешноста на автомобилот на струја. која има спортски седишта прекриени со Alcantara, на што се придодаваат и спортски педали, како и истиот информативно забавен систем со екран од 10,25 инчи во дијагонала, исто како и кај другиот MG4. Конечно, има нова Racing Green боја за надворешноста, како омаж на спортските, славни денови на оваа марка

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинескиот GWM Wey 03 го напаѓа VW Tiguan, Hyundai Santa Fe, Toyota RAV4…

Претставен серискиот Тесла Cybertruck

Запознајте го најкомплетниот досега Duster

Дигитална, полуксузна, поефикасна: новата Panamera

Нов Hyundai Santa Fe

Нов Chevrolet Traverse

Новиот Peugeot e-3008

Lancia Y доживеа уште едно подобрување

Peugeot e-3008 премиерно на 12 септември