Спринт квалификации на три трки во Formula 1 во сезоната 2021

Форматот на спринт квалификациите за ќе се примени на три трки во тековната сезона, потврди Формула 1 во понеделникот, а информацијата ја пренесе Sport Klub…

Според официјалното соопштение, FIA, Formula 1 и сите тимови постигнаа договор за одржување на спринт квалификациите на три Гран при во 2021 година – две во Европа и една надвор од Стариот континент.

Спринт квалификациите значат дека возачите ќе се натпреваруваат на трка на 100 километри во сабота попладне, а врз основа на постигнатите резултати ќе бидат одредени и нивните почетни позиции за трката в недела.

Исто така, возачите кои ќе ги заземат првите три места во спринт квалификациите ќе освојат бодови – победникот три, второто место две и третото место еден бод.

„Возбудени сме од можноста да ги направиме тркачките викенди уште поинтересни“, рече Стефано Доменикали, првиот човек на Формула 1.

„Возачите ќе се тркаат сите три дена и тоа ќе биде неверојатно искуство. Сигурен сум дека и тие ќе уживаат во борбата. „Воодушевен сум што сите екипи го поддржаа овој план, и тоа е доказ за единствениот напор да им обезбедиме на нашите навивачи нешто ново, а во исто време да го почитуваат наследството на овој спорт.

Тркачките викенди со спринт квалификации ќе започнат во петок, со 60-минутен тренинг.

Тоа ќе биде проследено со квалификации во досега познат формат, кога ќе бидат утврдени почетните позиции за сабота.

Вториот 60-минутен слободен тренинг ќе се одржи во сабота, по што ќе следат спринт квалификации на 100 километри.

Секако главната трка ќе биде на програмата во недела.

Сè уште не е објавено каде ќе биде применет овој формат на квалификации, но се споменува дека може да биде во Монца и Силверстоун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

FIA иницира нова тркачка класа на електрични болиди

Фантастичен резултат на Македонците на „Хунгароринг“

F1 ги премести квалификациите поради погребот на принцот Филип

Мајами од наредната 2022 година во календарот на F1

Кам-бек на „ТВИНГОВЦИТЕ“: Сезоната стартува викендов на  „Hungaroring FIA CEZ“

Како се тестира (малтретира) Porsche 911 GT3

WRC шампионатот од следната сезона поаѓа во хибридна иднина

Новата електрична Kia EV6 за еден ден освои 21.000 купувачи во Ј. Кореја

Toyota Yaris Автомобил на годината во Европа за 2021