Среќен роденден Fiat 500!

Први што годинава му честитаа роденден на легендарниот бренд Fiat беа вработените во неговата фабрика во Мирафиори, Италија и сопствениците на моделот 500

Тие со своите миленици, на покривот на фабриката Lingotto во Торино, ги наредиле своите автомобили испишувајќи ја реченицата HAPPY BIRTHDAY 500 (Среќен Роденден 500).

„Среќен роденден на најсаканиот автомобил на Апенинскиот полуостров, сакан и ширум Стариот континент, рекол Luca Napolitano (Лука Наполитано) , директор на брендовите Fiat и Abarth, за EMEA регионот.

Со шест милиони продадени примероци во текот ан долгата историја и повеќе од два (2) милиони примероци на моделот – рeдизајн од 2007 гдоиан, Fiat 500 e европски лидер во сегментот на градски автомобили и најпродаван модел од  FCA групата во последните две години. Сето тоа недвосмислено покажува дека луѓето се приврзани кон нашиот модел 500“.

Повеќе од 100 возила во разни бои го вратија Fiat 500 на патеката на покривот на фабриката Lingotto, каде во текот на 50-те години на минатиот век се спроведувале тестирања на тој автомобил пред да тргне во освојување на мобилниот свет.

Од несекојдневниот модел Fiat 500 Cappellini од 2007 годиан до моделот 500 Blackjack од 2010 година; од моделот 500C Twin Air од 2011година до ексклузивниот 500C GQ од 2014 година; потоа од 500 Guсci  од 2011 година преку без страшниот Abarth 695 Tributo Ferrari од 2009 годиан до моделот 500C Diesel од 2010 година, па се до новиот модел 500 120th од годинешната славеничка серија, секој од нив раскажува победничка приказна.

Тоа се само некои од автомобилите што во совршен стил на моделот 500, го прекрија покривот на фабриката Lingotto  со своите разновидни бои и го осветлиле ноќното небо со илјадници разнобојни рефлексии.

Четврти јули секогаш бил посебна прилика да се восхити светот за време на прославата на роденденот на моделот 500.

Годинава модел 500 повторно се надмина себеси: пткако „влезе3 во Музејот на модерната уметност во Њујорк – MoMa и стана уметничко дело и зачекори во светот на кинематографијата заедно со актерот Едриан Броди (Adrien Brody) во 2017 година, и да не го заборавиме впишувањето во книгата на рекорди на Гинис  во категорија „најголем приказ на автомобил формиран со човечки тела “ од 2015 година… годинава, роденденот на популарниот модел 500 за цел има да ја засили и продлабочи врската помеѓу легендарната фабрика на Fiat модел 500  и градот Торино, во кој пред цели  120 години е основана „Фабриката на италијански автомобили Торино

Фабриката Lingotto e отворена во  1923 година, а до денес луѓето и понатаму и се восхитуваат поради нејзиниот современ изглед и елеганцијата на нејзината вертикална изградба, како и поради единствената патека за тестирање на автомобили изградена на покривот на таа зграда !

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alfa Romeo 4C Competizione limited edition за повторно вљубување!

Fiat развива SUV што ќе се произведува во Крагуевац!

BMW M8 MotoGP Safety Car

Концернот „Калашњиков“ со нов автомобил за carshearing!

Произведен 10 милионити Mini

Bentley со Mulliner го реинкарнира уникатниот Corniche !

Pininfarina  планира електрична лимузина и СУВ

Lotus со измени на своето лого!

Две децении на Porsche 911 GT3 вистински сладок залак за познавачите