Она за што се пишуваше во последните месеци сега и се оствари – SsangYong –производителот на автомобили од Јужна Кореја, доби нов сопственик (од 2011 година брендот е во сопственост на индинската Mahindra)…
Да потсетиме, овој јужнокорејски производител поднесе барање за стечај во декември 2020 година, а сега неговиот нов сопственик стана конзорциум предводен од производителот на електрични возила Edison Motors.
Во веста се наведува и дека целата зделка е вредна 225 милиони долари.
Edison Motors е основана во 2015 година, произведува електрични автобуси и развива комерцијални возила, а со купувањето на SsangYong сака да влезе на пазарот на патнички автомобили.
Во контекст на информацијата како своевиден параметар ќе ги наведеме податоците: SsangYong продаде 132.799 возила во 2019 година, во текот на 2020 година тој број падна на околу 107.000, додека во 2021 година продажбата беше само 84.000 единици.