SSC Tuatara го урна рекордот на Bugatti

Американскиот супер спортски автомобил стана најбрз сериски автомобил на светот со хомологација за возење на јавни патишта..

Во моментов се уште се чека на официјалната потврда на брзинскиот рекорд.

SSC сè уште не ги коментираше информациите што ги емитуваат локалните медиуми.

Имено, KPVM-TV  објави дека викендов на потегот на патот каде што Koenigsegg го урна брзинскиот рекордот уште  во 2017 година, новиот автомобил на SSC, сега, го подобри тој резултат.

Според тие информации, уривањето на рекордот било забележано со хеликоптер, но и со мал авион што го следел автомобилот.

Да потсетиме, Koenigsegg Agera RS  ја помина Невада со просечна брзина од 447 км/ч (максимумот била 457 км/ч), додека SSC Tuatara јурела значително побрзо.

Верувале или не, оваа гордост на американската автомобилска индустрија возеше над 300 милји на час (483 км/ч), или најмалку 490 км/ч колку што постигнал и Bugatti Super Sport 300+ на тест патеката Ehra-Lessien, во Германија.

Се проценува дека SSC ​​Tuatara може да достигне 312 милји на час, или до 502 км/ч.

Единствено прашање е дали нашле доволно луди пилоти подготвени да возат автомобил со моќност од 1775 КС над границата на разумот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Dacia Duster Pick- up!

Скејборд голем колку лаптоп и на струја доаѓа од Јапонија

Најава за мистериозен Bugatti

Audi TT RS во чест на 40 гдини на Quattro погонот во само 40 примероци

Благороднички луксуз на песокот во Сахара

Aventure Peugeot – реставрација на иконата 205 GTi

Nissan Juke родоначалник на нов сегмент слави 10-ти роденден 

Aznom го покажа ентериерот на Palladium