SSC Tuatara хипер автомобил со 1.750 КС

По речиси една деценија исчекување на полониците на супер спортси автомбили од а SSC . конечно го претставија својот хипер автомобил -Tuatara  со моќно ергеле од 1.750 расни – тркачки ждребиња….

Креацијата SSC Tuatara мина долг пат до своето производство, откако првично беше најавен пред речиси една деценија, но различните потешкотии го одложија производството, а со тоа и испораката до купувачите, но на тоа дојде крајот и минатата година кога SSC ( Shelby SuperCars) го покажа својот прв продукциски автомобил на Саемот за автомобили во Филаделфија.

Тоа е воедно и првиот од 100-те примероци на суперавтомобилот Tuatara, кој своето име го доби по ендемскиот вид на гуштер кој живее во Нов Зеланд, а го задвижува  twin turbo бензинец со осум цилиндри поставни во форма на латинската буква  V, со работен волунен од 5,9 литри со моќ од 1.750 КС, што силата ја пренесува прекку роботизиран  CIMA седум степен менувач што менува брзина за помалку од 100 милисекунди, доволно за топ брзина од483 km/h, какко што велат од ЅЅС.

Автомобилот е тежок 1.247 kg, а коефициентот на воздушен отпор изнесува 0.279, долг е 442 cm, широк е 200 cm, висок 110 cm, а растојанието помеѓу оските изнесува 267 cm, a за впечатливата силуета допринесуваат и  20-инча големите тркала.

Каросеријата е изработена од карбонски влакна, во монококна шасијасо напомена декка дизјанот и аеродинамиката на  модеот е направена под надзор на  Џејсон Кастриота ,  дизајнер и на моделите на Ferrari и Maserati. Maserati…

Tука ќе потенцираме  дека печат на целиот дизајн  даваат дијателарните врати кои се отвораат нагоре преу хидраулика  со притисо на копче.

Внатре е информативно забавниот систем со екран чувствителен на допир, преку кој имате ристап до режимите за возење, дијагностика на возилото, забавниот систем … , потоа клима-уред, врвен аудио систем, специјален управувач

Зад управувачот се наоѓаат лостови за промена на степенот на брзина, а на самиот управувач е и светлосниот индикатор, а за ексклузивноста на хипер спортистот ќе придонесе и тоа што ќе се произведе во само 100 примероци, а за цената се уште нема податоци, но се шпекулира дека ќе изнесува околу 1,3 милиони амрикански долари.

Ова е важен модел за SSC бидејќи е наследник на моделот SSC Ultimate Aero, некогашниот сопственик на Гинисовиот рекорд за најбрз автомобил, на кој титулата му ја презема  Bugatti Veyron Super Sport.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan создал приспивна псна за деца што добро спијат само во автомобил!

Колкав период од животот европските возачи „губат“ барајќи паркинг!

Pagani Huayra во ексклузивно Imola издание вредно 5 милиони евра

Видео реклама: Новиот Land Rover Defender во новиот филм за Џејмс Бонд

Glickenhaus 007- Тркачки еспрес

Најавен хипер автомобил – Czinger 21C на Palexpo 2020

Lotus Elise посебна едиција за Австралија

Електричниот ѕвер Pininfarina Battista почна со тестови на тркачка патека

Apex Motor со нов „спортист“ на Palexpo 2020!