Старт-ап компанија од Швајцарија најави батерии со кој EV ќе поминат 1000 km!

Старт – ап компанија од Швајцарија – Innolith AG, специјализирана за неоргански литиум јонски батерии, развива батерија со висока густина што може да обезбеди автономија од 600милји (околу 1000 km – за EV со едно полнење на истата ..

Компанијата планира да создаде 1000 Wh/kg батерија што се полни, „прва на светот“, и да ги намали трошоците на производството така што ќе ги отфрли „егзотичните“  и скапоцени материјали.

Само како пример ќе речеме: EV со најголем досег со едно полнење на батериите на пазарот (Tesla Model S) нуди автономија од 507 km благодарение на литиум јонските батерии од 100 kWh.

Дури и повеќе, од Innolith велат дека употребата на неоргански електролити ја отстранува примарната причина на прегревање на батериите во електричните возила.

Од сето ова изгледа дека оваа стар –ап компанија е на прагот на решението на сите проблеми во EV индустријата  (сигурноста, трошоците на производството ) и тоа со еден потег!

Меѓутоа, за тие работи е потребно многу повеќе време да се материјализираат во реалниот свет.

Од Innolith ветуваат дека батеријата ќе биде подготвена за потрошувачите во рок од три до пет години.

Тоа е амбициозна временска рамка кога ќе се земе во предвид дека на 24M (стар ап компанија со седиште во Масачусетс, што прави батерии со голема густина) и биле потебни повеќе од осум години да ги испорача своите литиум јонски батерии .

Во моментов Innolith работи на батеријата во германскиот погон.

 Инаку Innolith планира да ја лансира на пазарот со почетно пилот производство во Германија, по што би требало да следува лиценцирање на партнерството со главните производители на батерии и со автомобилските производители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Microsoft  и BMW Grоup лансираат Отворена производна платформа

Jaguar и Land Rover во иднина со возила што уништуваат патогени бактерии и вируси

Renault најави нов електричен компакт

Škoda со „лек“за заборавните возачи – Aприлили!!!

VW ќе ја предводи Eвропската „батериска унија“ за EV

Volvo надзор врз возачот за дополнителна сигурност!

Новиот Green NCAP за проценка на еколошката прифатливост на возилата

Nissan и DOCOMO испитуваат виртуелна технологија во возила со 5G мрежа

Tesla со трета генерација на полначи