Стартува производството на Ford Puma

Производителот на автомобили Ford, од денес,  во фабриката во Крајова, Романија, и официјално започна со сериско производство на новиот crossover модел што повторно го оживува името Puma…

Во кусата вест не се наведува колку единици Ford ќе произведува дневно од овој модел во спомнатата фабрика во Романија но наведено е дека вработил дополнителни 1.700 работници што ќе работат во три смени.

Во однос на моторизацијата се знае дека Puma ќе биде достапна со EcoBoost бензинскиот мотор со три цилиндри, со работен волумен од  1,0-литри , во комбинација со 48-волтен mild hyrid  систем, во верзии со 125 или со 155 KS. Послабата верзија троши 5,4 l/100 km и има емисија на CO2 од 124 g /km, а посилниот 5,6 l/100 km и 127 g/ km.

Сите верзии имаат погон на тркалата од предната оска, a како што работите стојат во овој момент погонот на сите четири тркала нема да биде понуден ниту како опција.

Кога пак станува збор за цената, Puma на пазарот во Германија стартува од 23.150 евра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Porsche 911 Targa 4S Heritage Design Edition

Новата Toyota Hilux се подготвува за премиера во друштво на Фернандо Алонсо

Cross sedan Citroen C3L пандан на Dacia Logan

Novi BMW Serije 4 Coupe стаса предвреме !

Пристигнува Fiat Tipo Cross

Citroen C1 JCC+ манекенски шарм на „шевронот” во мини пакување

Најавен новиот Nissan Qashqai

Ford Puma ST-Line Vignale и Puma sa 1,5 литарски дизел мотор

Нов голем Citroen пристигнува во 2021