Stellantis би можел целосно да се повлече од Кина

Сите знаеме дека пазарот на Народна Република Кина е најголемиот пазар на автомобили во светот, и тоа е многу убедливо, но излегува дека не носи среќа на сите. ..

На пример, групацијата Stellantis не успева да се консолидира на неа, за што неодамна зборуваше и самиот Карлос Таварез (Carlos Tavares) како извршен директор на гигантскиот концерн за време на конгресот во Берлин.

На конгресот, Таварез објасни колку е рана позицијата на Stellantis во Кина и рече дека оди дотаму што раководството на концернот дури ја разгледува идејата за целосно повлекување од тој пазар, се разбира, под услов Stellantis не успева да стане како Феникс и повторно да никне од „пепелта„, ако сликовито така би ја нарекле ситуацијата во која се наоѓа овој идентитет . Изјавата изгледа некако изненадувачки, особено во контекст на острата најава дека индустрискиот гигант може да ја прекине целата понуда во најнаселената земја во светот, а не само производството.

Имајќи го ова на ум, не е ни чудо што Таварез инсистира и активно лобира против кинеските производители во Европа, залагајќи се за воведување царински бариери, за што неодамна зборуваше на саемот за автомобили во Париз.

На Салонот, тој помеѓу другото рекол, дека Европејците мора да се борат со неповолните деловни услови во Кина, додека португалскиот менаџер исто така навести за можно повлекување од кинескиот пазар во јули претстојната 2023 година.

За разлика од другите производители на автомобили од Европа, Stellantis остана беспомошен во Кина, односно групата забележа последователни загуби.

Таварез без и малку да крие изјави дека европските работници мора да фрлаат повеќе пот за да ги поништат ефектите од загубите што ги создаваат компаниите кои работат во Кина, кои се дел од групата што ја води од позицијата извршен директор.

Инаку ние и претходно во неколку наврати известувавме за тоа дека Француските марки “не се снаоѓаат најдобро“ на најголемиот поединечен пазар на планетава, односно дека покрај PSA и Renault се среќава со истите, односно поточно речено со слични проблеми на кинескиот автомобилски пазар и дека се во „иста каша“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Tata е чекор поблиску до отворање фабрика за батерии за електронски возила во Велика Британија

Ford Transit 2024 година

Lada има најстарa понуда, а кинескиот Zeekr најмлада

McLaren има приоритет на профитабилноста пред електричните автомобили

Renault стана втор најпродаван бренд во Европа

Низ Минхен ќе возат автономните возила на Volkswagen

BYD Dolphin: Кинез кој може да ги збуни Европејците

Haval H6 затегнување на брчките

Во Германија запалени десет автомобили на Теslа,