Stellantis го купува бизнисот за споделување автомобили Share Now од BMW и Mercedes

Free2move, глобалниот центар (центар за мобилност) на Stellantis, четвртиот по големина производител на автомобили во светот, објави дека потпишал договор за купување на Share Now фирма за споделување автомобили, заедничко вложување основано од Mercedes-Benz Mobility Group и BMW Group во 2019 година…

Овој предложен договор дополнително го позиционира Free2move како водечки глобален играч во мобилноста, додавајќи 14 големи европски градови и 10.000 возила на постојната флота од 2.500 Free2move возила за споделување автомобили, пренесуваат специјализираните портали.

Во светот преполн со барања во однос на мобилност, каде што корисниците се стремат да ја оптимизираат секоја минута, времето е драгоцено. Преместувањето на корисниците од место до место е голема одговорност. Free2move дизајнираше иновативен модел на услуга за мобилност кој се прилагодува на неговите корисници.

Ова решение, кое веќе постои во САД и Европа, му овозможува на корисникот да го земе автомобилот на неколку минути или на неколку часа. Доколку корисникот сака возило да го земе на подолго време, може да го задржи истиот автомобил без промена на договорот – цените на Free2move автоматски се прилагодуваат.

„Интегрирањето на силна позиција Share Now во големите европски градови ќе им овозможи на нашите клиенти да добијат поголем пристап до поширок опсег на услуги за да ги задоволат нивните разновидни потреби за мобилност“, рече Брижит Куртхо (Brigitte Courtehoux), извршна директорка на Free2move. „Подеднакво важно, оваа аквизиција ќе го забрза и нашиот профитабилен раст. Сега сме еден чекор поблиску до постигнување на нашата цел за проширување на светското присуство на Free2move на 15 милиони активни корисници до 2030 година.

Оваа аквизиција дополнително ќе ги подобри економиите на обемот и синергиите, придонесувајќи за нејзината амбиција Dare Forward 2030 да ја зголеми својата профитабилна услуга за мобилност до нето приход од 2,8 милијарди евра со првиот чекор од 700 милиони евра приход во 2025 година.

Free2move неодамна го објави купувањето на Opel Rent, забрзувајќи ја својата стратегија за раст во Германија и Австрија и охрабрувајќи ја промената од наемнина кон давател на мобилност.

Во меѓувреме, ја забрза својата експанзија на споделување автомобили во Соединетите држави.

Завршувањето на аквизицијата односно на преземањето е предмет (подлегнува) на нормални услови за затворање, вклучително и усогласеност со антимонополските барања.

Stellantis оќогледно го проширува своето поле на делување во делот на споделување на мобилноста.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Fiat 500 electric најпродаван EV автомобил во Европа

Mercedes B Class во 2025 година ќе замине во историја

Новиот Mercedes GLC на најавни слики

Tеsla повлекува 130.000 возила

Toyota годинава очекува пад на оперативниот профит

Признанија на списанието Autocar за Питер Шрејер и Kia EV6

Mercedes на вонреден сервис повикува речиси 300.000 автомобили

Можно враќање на GM во Европа

Цените на бензините повторно растат, дизелот поевтинува