Групацијата Stellantis ќе го запре производството во фабриката во Рен во Франција на почетокот на јули а причините се познати проблеми во синџирот на снабдување со делови- чипови и полу проводници…
Во оваа фабрика се произведуваат автомобили со средна големина на марките Peugeot и Citroen.
Причината за стопирањето е недостатокот на чипови, што е се поголем проблем во светската автомобилска индустрија и кој како што сега стојат работите во догледно време нема да има решение.
Потсетуваме дека истата фабрика во Рен претходно претрпе прекин на производството поради недостиг на компоненти.
Исто така, посебното прекинување на производството во фабриката на Peugeot во Сошо, во источна Франција е продолжено до крајот на следната недела, односно до почетокот на јули, додаде Stellantis во соопштението, наведувајќи ги притоа, покрај горе спомнатите и проблемите со снабдувањето со полу проводници.