Stellantis отпушта до 2.450 работници во својата фабрика во близина на Детроит

Stellantis, матичната компанија на Chrysler, отпушта дури 2.450 работници во фабриката Warren Truck надвор од Детроит, бидејќи производителот на автомобили го завршува производството на пикап моделот Ram 1500 Classic…

Отпуштањата ќе стапат на сила веќе на 8 октомври, велат од компанијата. Производството на Jeep Wagoneer во истиот погон ќе остане во две смени, се вели во соопштението.

Со завршувањето на производството на Ram 1500 Classic кон крајот на оваа година, компанијата се фокусира на Ram 1500 Tradesman, кој е изграден во фабриката за склопување Sterling Heights.

Во фабриката работат околу 3.700 работници, претставени од Обединетиот синдикат на автомобилските – работници. Членовите на синдикатот кои ќе бидат отпуштени ќе добијат 52 недели дополнителни бенефиции за невработеност платени од компанијата и 52 недели помош за транзиција, потврди Stellantis.

Договорено е и дека работниците опфатени со ова отпуштање ќе треба да добијат и двегодишно здравствено осигурување.





НАЈНОВИ