Карлос Таварез, првиот човек на Stellantis – неодамна формиран со спојување на PSA групацијата и FCA алијансата, потврди дека во иднина, поголем фокус ќе биде на електричните автомобили, а помалку на хибридните возила…
Според него, Stellantis ќе продолжи да инвестира во хибридна технологија и во наредниот период, но ќе инвестира далеку повеќе во развој на EV модели.
Групата продадоа 139.000 електрични возила во 2020 година, а нивната цел е да продадат повеќе од 400.000 единици до крајот на 2021 година.
Вистина, податоците велат дека нивната продажба во 2021 година оди подобро од минатата година, тие од 6,5 проценти вкупна продажба скокнаа на 13,6 проценти и ќе видиме дали ќе успеат да ја исполнат својата цел.