Stellantis вложува во Германија во производство на суровини за батерии

Мултинационалниот производител на автомобили Stellantis најави инвестиција вредна 50 милиони евра во германскиот производител на литиум Vulcan Energie Ressourcen за да обезбеди суровини за поголемо производство на батерии…

Најавата за инвестицијата „е важна порака од еден од најголемите светски производители на автомобили во трансформацијата кон одржливо и стратешко екстракција на суровини за батерии“, рекол, помеѓу другото, извршниот директор на германската компанија Хорст Кројтер ( Horst Kreuter).

Групацијата со седиште во Амстердам произведува брендови како Peugeot, Opel, Citroen и Fiat.

Vulcan – произведува геотермална енергија во рамнината на Горна Рајна и планира да произведува литиум хидроксид, клучна компонента на батериите за електрични возила, без фосилни горива и со нето неутрално влијание врз климата.

Компанијата со седиште во Карлсруе е основана во 2020 година и е германска подружница на австралиската групација Vulcan.

„Стратешката инвестиција во водечка компанија за литиум ќе ни помогне да создадеме еластичен, одржлив синџир на вредност за нашето европско производство на батерии за електрични возила“, рече извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес (Carlos Tavares).

Компаниите го продолжија договорот од 2021 година за уште пет години, до 2035 година.

Инаку, Vulcan има намера да испорача од 81.000 до 99.000 тони литиум хидроксид на Stellantis во период од 10 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија ги намалува субвенциите за купување EV

Новиот Audi RS3 co електричен мотор

Почна производството на Mercedes-AMG One

Новиот Porsche 911 GT3 RS на пазарот пристига 2023

Next.e.GO Mobile SE ќе произведува електрични автомобили во Македонија

Во Германија нови давачки за дизел и бензински автомобили а олеснувања за EV

Подновен беџот и имиџот на луксузниот автомобилски бренд

Илон Маск одличен дипломат -Tesla во Кина со „повластена“ позиција

Неофицијалните рендери открија многу можен изглед на претстојната BMW Серија 5.